Туркије ги засилува правните напори за дигитализација на лирата
Турската централна банка ќе работи на симулации за дигиталната лира за да го процени нејзиното влијание, додека во тек е работа на утврдување на регулативите
Туркије работи на развој и лансирање на дигитална верзија на локалната валута, лирата, бидејќи напорите за создавање на нејзината правна рамка добија на интензитет, според годишната Претседателска програма за 2026 година.
Проектот „Дигитална турска лира“, предводен од Централната банка на земјата, влегува во нова фаза следната година.
Банката ќе ги заврши симулациите на дигиталната валута како дел од својата анализа на влијанието.
Централната банка ќе ги утврди техничките барања за размена на хартии од вредност со дигиталната лира и ќе изготви регулативи.
Ќе се направат анализи за доказ на концептот за употребата на дигиталната валута во токенизираните берзи за хартии од вредност.
Во септември, Централната банка упати повик за за учество во проектот за Екосистемот на дигиталната турска лира. Банката соопшти дека дигиталната валута ќе биде клучен дел од финтех- екосистемот на земјата и дека се работи на создавање инфраструктура за иновативна употреба на дигиталната валута.
Банката ќе објави извештај за напредокот за втората фаза од проектот за дигитална турска лира во наредните месеци.
Повикот на банката за учество има за цел да ги охрабри банките, институциите за плаќање и институциите за електронски пари и давателите на технолошки решенија да развијат иновативни употреби на валутата во различни категории.