| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Турскотo МНР упати остра реакција кон Израел за нападот врз бродот Мадлин
Во соопштението се истакнува дека агресивниот и беззаконски став на Израел нема да ги замолчи гласовите што ги бранат човечките вредности
Турскотo МНР упати остра реакција кон Израел за нападот врз бродот Мадлин
Турскотo МНР упати остра реакција кон Израел за нападот врз бродот Мадлин / Reuters

Министерството за надворешни работи на Туркије објави дека нападот врз бродот „Мадлин“, кој тргна да достави хуманитарна помош во Газа, уште еднаш докажал дека Израел е „терористичка држава“, известува Анадолу.

Во писменото соопштение на турското МНР се вели:

„Интервенцијата на израелските сили врз бродот „Мадлин“ додека пловеше во меѓународни води, а тргна да достави хуманитарна помош во Газа, во кој се наоѓаа и наши државјани, е јасно кршење на меѓународното право“.

„Овој гнасен напад од страна на Владата на Нетанјаху, кој ја загрозува слободата на пловидбата и поморската безбедност, уште еднаш докажа дека Израел е терористичка држава“, се вели во соопштението, нагласувајќи дека ќе продолжи оправданата реакција на меѓународната заедница на геноцидните политики на Израел, кој го користи гладот ​​како оружје во Газа, спречувајќи го доставувањето хуманитарна помош.

Во соопштението се истакнува дека агресивниот и беззаконски став на Израел нема да ги замолчи гласовите што ги бранат човечките вредности.

Упадот врз бродот „Мадлин

Како дел од најновата мисија организирана од невладината организација „Коалиција на флотилата на слободата“ за пробивање на блокадата во Газа и доставување помош во регионот, 18-метарскиот брод „Мадлин“ на 1 јуни тргна кон Газа од пристаништето „Сан Џовани Ли Кути“ во Катанија, Италија.

Коалицијата на флотилата на слободата наведе дека израелската армија интервенирала врз бродот „Мадлин“, информирајќи:

„Контактот со Мадлин е прекинат. Израелската армија се качи на бродот. Волонтерите на бродот „Мадлин“ се киднапирани од израелската Армија.“

На бродот се наоѓаа 12 активисти, францускиот пратеник во Европскиот парламент Рима Хасан, германската државјанка Јасемин Аџар, Хусеин Шуајб Орду од Туркије, Тијаго Авила од Бразил, Серхио Торибио од Шпанија, Марко ван Рен од Холандија, Баптист Андре, Рева Вијард, Паскал Мауриерас и Јанис Мхамди од Франција, шведската активистка за клима Грета Тунберг и новинарот Омар Фајад.

Повеќе
Хезболах ги отфрла преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван