ЛШ: Сити со фубалер повеќе го победи Наполи, Барселона славеше во Њукасл
Новото засилување на Каталонците, Маркус Рашфорд беше најзаслужен за победата на „Сент Џејмс Парк“ во Њукасл откако постигна два прекрасни гола за десет минути, а домашните преку Гордон во 90.минута само го ублажија поразот
Барселона беше единствениот тим што победи на гостински терен во четврток, последниот ден од првото коло на групната фаза на Лигата на шампионите, а Маркус Рашфорд беше најзаслужен за победата од 2:1 над Њукасл на „Сент Џејмс Парк“.
Англискиот напаѓач постигна два брилијантни гола за десет минути, првиот за водство на Барселона во 58. минута, а во 67. минута го удвои водството.
Домашниот тим се врати во игра во 90. минута преку Ентони Гордон, но не успеа да израмни.
Манчестер Сити го победи Наполи со 2:0 на „Етихад“. Работата на „Граѓаните“ беше олесната кога Џовани Ди Лоренцо доби директен црвен картон во 21. минута откако го собори Ерлинг Халанд во чиста можност за гол.
Норвежанецот ја искористи бројчената предност во 56. минута, постигнувајќи го својот 50. гол во Лигата на шампиони во 49. натпревар, со што стана новиот рекордер на лигата. Досега, рекордот го држеше Холанѓанецот Руд ван Нистелрој, кој стигна до 50 гола во 62 натпревари. Третиот е Аргентинецот Лионел Меси, на кого му беа потребни 66 настапи за 50 гола. На водечкиот стрелец на Лигата на шампионите, Кристијано Роландо, му беа потребни 91 натпревар за да стигне до 50 гола.
Девет минути подоцна Џереми Доку постигна гол за да го постави конечниот резултат и победа на тимот на Пеп Гвардиола.
Најубедливата победа ја оствари Ајнтрахт, кој го победи Галатасарај со 5:1 во Франкфурт.
Турците поведоа во 8. минута со голот на Јунус Акгун. Сепак, до полувремето, Ајнтрахт веќе водеше со 3:1. Давинсон Санчез (37) постигна автогол што ги врати Германците во игра, па постигна два гола во судиското продолжение од првото полувреме. Стрелци беа Узун (45+2) и Буркардт (45+5). Во 66. минута, Буркардт го постигна вториот гол, а Кнауф во 75. минута го зголеми резултатот на 5:1.
Спортинг го победи Каират Алмати со 4:1 во Лисабон, а со истиот резултат славеше и Клуб Бриж против Монако.
Фудбалерите на Копенхаген, пак, ја пропуштија шансата да победат против Баер Леверкузен пред своите навивачи во натпревар во кој водеа двапати, но германскиот тим израмнуваше двапати за конечни 2:2.
Натпревари од ЛШ одиграни во вторник и среда:
Ајакс - Интер 0:2 (Турам 42, 47)
Баерн - Челзи 3:1 (Чалоба 20-аг, Кејн 27-11м, 63 / Палмер 29)
Ливерпул - Атлетико Мадрид 3:2 (Робертсон 4, Салах 6, Ван Дијк 90+2 / Љоренте 45+3, 81)
ПСЖ - Аталанта 4:0 (Маркињос 3, Кварацкелија 39, Нуно Мендес 51, Рамос 90+1)
Олимпијакос - Пафос 0:0
Славија Прага - Бодо Глимт 2:2 (Мбоџи 23, 74 / Баси 78, Фет 90)
Бенфика - Карабаг 2:3 (Баренечеа 6, Павлидис 16 / Андраде 30, Дуран 48, Кашчук 86)
Јувентус - Борусија (Д) 4:4 (Јилдиз 64, Влаховиќ 67, 90+4, Кели 90+6 / Адејеми 52, Нмеча 65, Куто 74, Бенсебаини 86-11 м.)
Реал Мадрид - Марсеј 2:1 (Мбапе 28-11м, 81-11м / Веа 22)
Тотенхем - Виљареал 1:0 (Луиз Јуниор 4-аг)
Атлетик Билбао - Арсенал 0:2 (Мартинели 72, Тросард 87)
ПСВ Ајндховен - Унион СГ 1:3 (Ван Бомел 90 / Давид 9-11 м, Аит Ел Хаџ 39, Мекалистер 81)