Во Иран приведени тројца политичари реформисти
Исламската национална унија, реформистичка партија основана во 2015 година, побара ослободување на својата лидерка и генерална секретарка, Азара Мансури, која беше уапсена заедно со двајца умерени реформисти
Иранските безбедносни сили ја приведоа лидерката на коалицијата Реформистички фронт, заедно со двајца политичари реформисти, под обвинение за дејствувања против Уставот, објавија локалните медиуми.
Азар Мансури е приведена заедно со Ибрахим Асгарзаде, лидер на политичкиот коалициски комитет и Мохсен Аминзаде, поранешен заменик-министер за надворешни работи.
Тројцата се обвинети за „дејствување против Уставот” и за „координирање со пропагандата на непријателот”.
Реформистичкиот фронт, во соопштението објавено на Х, официјално ги потврди приведувањата.
Мансури беше избрана за лидерка на Реформистичкиот фронт во 2023 година, по оставката на Бехзад Набави, поради истекот на неговиот двегодишен мандат, како и поради неговата возраст.
Адвокатот на Азаре Мансури денес изјави дека во основа не ја знае причината за апсењата на тројца високи функционери на Иранскиот реформски фронт, бидејќи Реформскиот фронт сè уште не дал соопштение за неодамнешните протести.
„Поединци можеби сами коментирале нешто, но немало официјални најави за тие настани“, рече адвокатот.
Кампањата на масовни апсења и заплашувања доведе до апсење на илјадници луѓе во обид на иранските власти да употребат сила за да го спречат продолжувањето на протестите низ Иран, објавува Ројтерс.