| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Сали: Туркије беше и останува сигурен партнер на нашиот европски пат
Турската поддршка во јакнењето на административните и институционалните капацитети е од особено значење за подготовката на нашата земја за обврските што произлегуваат од идното членство во ЕУ, истакна првиот вицепремиер Сали
Сали: Туркије беше и останува сигурен партнер на нашиот европски пат
Сали се обрати на отворањето на Програмата за обука за управување со проектен циклус во рамките на иницијативата ИПАБРИЏ, која се одржува во Скопје

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, рече дека Туркије беше и останува сигурен партнер на европскиот пат на Северна Македонија.

Сали се обрати на отворањето на Програмата за обука за управување со проектен циклус во рамките на иницијативата ИПАБРИЏ(IPABRIDGE), која се одржува во Скопје од 28 до 31 јули 2026 година.

Во своето обраќање вицепремиерот изрази особена благодарност до Владата на Туркије, Директоратот за прашања на Европската Унија (ЕУ) и турските партнери за континуираната поддршка, искрената соработка и подготвеноста да споделат експертиза и практично искуство.

„Туркије беше и останува сигурен партнер на нашиот европски пат. Нејзината поддршка во јакнењето на административните и институционалните капацитети е од особено значење за подготовката на нашата земја за обврските што произлегуваат од идното членство во ЕУ“, истакна Сали.

Програмата за обука опфаќа значајни теми, како управувањето со проектен циклус, финансиската рамка ИПА III, анализата на засегнатите страни, логичката рамка, буџетирањето, мониторингот и известувањето. Цел е да се зајакнат знаењата и практичните вештини на администрацијата за поквалитетна подготовка и спроведување на проекти финансирани од ЕУ.

Сали нагласи дека соработката со Туркије ќе продолжи и во иднина и дополнително ќе се проширува преку заеднички активности, размена на експертиза и иницијативи за јакнење на институционалните капацитети.

„Очекуваме ова партнерство и понатаму да се развива и да носи конкретни резултати за нашите институции и за граѓаните“, заклучи Сали.

Повеќе
Два земјотреса ја погодија покраината Ќингхај во западна Кина
РСФ ја менува тактиката по напредувањето на суданската армија
Трамп: Разговорите со Иран се добри, постои шанса за договор
Зеленски пристигна во САД на средба со Трамп
Израел уби уште тројца Палестинци во Газа, бројот на убеини се искачи на близу 73.350
Вучиќ вели дека нема да ја напушти земјата ако владејачката партија ги изгуби изборите
Салам се сретна со комесарот за човекови права на ОН и поддржа собирање докази за воени злосторства
Иран пак ја предупреди Софија за распоредувањето на американски воени авиони во Бугарија
ЕУ распоредува авиони и пожарникари за борба против пожарите во Франција и Шпанија
Дизелот од утре поскап за 4,5 денари, се зголемуваат цените и на бензините
Во приватна тужба за проневера се бара 13 години затвор за сопругата на шпанскиот премиер Санчез
Иран порача дека нема да дозволи САД да го одредат времето на војна и мир
Тошковски: Водата во Гостивар може да се користи како техничка
Фидан разговараше за Кипар, Сирија и регионални прашања со генералниот секретар на ОН, Гутереш
Полицијата во Палма де Мајорка со гумени куршуми ги растури протестите против масовниот туризам