| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Турската амбасада во Скопје организираше прием по повод 103-годишнината на Република Туркије
Нагласувајќи дека 2026 година е исклучително плодна во однос на билатералните односи, амбасадорот Акташ додаде дека „со нашата заедничка решителност, цврсто сме определени оваа силна соработка да ја подигнеме на уште повисоко ниво“
Турската амбасада во Скопје организираше прием по повод 103-годишнината на Република Туркије
На свеченоста присуствуваа и претседателката Гордана Силјановска Давкова, како и спикерот Африм Гаши

Во земјите од Балканот беше одбележана 103-годишнината од основањето на Република Турција и 29 Октомври- Денот на Републиката, со свечени приеми организирани од турските претставништва.

103-годишнината од основањето на Република Турција во Северна Македонија беше одбележана со прием организиран од Амбасадата на Туркије во Скопје.

На приемот, организиран во резиденцијата на Амбасадата, присуствуваа претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието, Африм Гаши, министри, пратеници, градоначалници, претставници на политички партии, претставници на институции и организации од Турција и Северна Македонија, како и бројни други гости.

Во своето обраќање, амбасадорот Алпер Акташ истакна дека Северна Македонија и Туркије се пријателски земји и сојузници, заблагодарувајќи им се на присутните за учеството.

Нагласувајќи дека 2026 година е исклучително плодна во однос на билатералните односи меѓу Туркије и Северна Македонија, Акташ рече: „Со нашата заедничка решителност, цврсто сме определени оваа силна соработка да ја подигнеме на уште повисоко ниво“.

Амбасадите на Туркије во Албанија и во Косово исто така организираа свечени приеми во Тирана и во Приштина, а на кои присуствуваа претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, како и претседателката на Косово, Јустина Широка Пуљa, придружувани од бројни министри, пратеници, градоначалници и други преставници на институции и партии.

Повеќе
Државниот завод за статистика потпиша меморандум за соработка со Турскиот институт за статистика
Израел уапси најмалку 13 Палестинци при рации на окупираниот Западен Брег
Се урна хеликоптер на ЕУФОР во близина на Брчко, тројца загинати, 12 се повредени
Трамп: Изборите беа голем срам за народот на Бразил
Дуран: Самитот во Анкара ја одразува посветеноста на туркиските држави на солидарност
Муцунски- Бланар: Словачка е против било какви двојни стандарди при пристапувањето во ЕУ
Туркије ја одбележува 103. годишнина на Републиката со свечености и прослави низ целата земја
Естонија ќе изгради околу 150 бункери во близина на руската граница
13 загинати на железнички перон во Днепар по удар на руски млазен дрон
Израел уби четворица Палестинци во напад врз владина служба во Газа
РИК: Во недела ќе се повторат изборите во Србија на 53 избирачки места
Руската подружница на Гугл плати речиси 207,7 милиони долари за казни на матичната компанија
Иранската Армија соопшти дека соборила дрон MQ-1 источно од Ормускиот Теснец
Во Израел се бројат гласовите од посебните гласачки места
Туркије домаќин на 13-тиот самит на ОТД за зајакнување на единството