| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Рубио разговараше со Ал-Судани за пренесување терористи на ДАЕШ во ирачки објекти
„Државниот секретар ја пофали иницијативата и лидерството на Владата на Ирак во забрзувањето на трансферот и притворањето на терористите на ДAEШ во безбедни објекти во Ирак, по неодамнешната нестабилност во Североисточна Сирија“
Рубио разговараше со Ал-Судани за пренесување терористи на ДАЕШ во ирачки објекти
Рубио разговараше со Ал-Судани за пренесување терористи на ДАЕШ во ирачки објекти / AA

Американскиот државен секретар Марко Рубио и ирачкиот премиер Мухамед Шиа ал-Судани остварија телефонски разговор за пренесување на терористите во безбедни објекти во Ирак.

„Државниот секретар ја пофали иницијативата и лидерството на Владата на Ирак во забрзувањето на трансферот и притворањето на терористите на ДЕАШ во безбедни објекти во Ирак, по неодамнешната нестабилност во Североисточна Сирија. Секретарот и премиерот разговараа за тековните дипломатски напори за да се обезбеди дека земјите брзо ќе ги репатрираат своите граѓани во Ирак, носејќи ги пред лицето на правдата“, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Се наведува дека двајцата зборувале и за „тековните разговори“ во Ирак за формирање влада, нагласувајќи ја „заедничката посветеност“ за обезбедување земјата да може да го реализира својот потенцијал „како сила за стабилност, просперитет и безбедност на Блискиот Исток“.

„Државниот секретар нагласи дека Влада контролирана од Иран не може успешно да ги стави сопствените, интересите на Ирак, на прво место, да го држи Ирак подалеку од регионалните конфликти или да го унапреди заемно корисното партнерство меѓу САД и Ирак“, се додава во соопштението.

Централната команда на САД (CENTCOM) во средата соопшти дека започнала мисија за пренесување притвореници на ДАЕШ од Североисточна Сирија во Ирак за да се осигури дека припадниците на терористичката организација ќе останат во обезбедени притворни центри.

Мисијата започна со транспорт на 150 припадници на ДЕАШ од притворен центар во североисточната покраина Хасека до безбедна локација во Ирак, со планови до 7.000 притвореници да бидат пренесени во објекти контролирани од Ирак.

Повеќе
Хезболах ги отфрла преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван