| Macedonian
ТУРКИЈЕ
3 мин читање
Извозот на Туркије во балканските земји во периодот јануари-септември речиси 19 милијарди долари
Според податоците на Собранието на турските извозници (ТИМ) што ги собра новинарот на Анадолу, извозот на Туркије во периодот јануари-септември годинава се зголемил за 5,2 отсто
Извозот на Туркије во балканските земји во периодот јануари-септември речиси 19 милијарди долари
Извозот на Туркије во балканските земји во периодот јануари-септември речиси 19 милијарди долари / АА

Извозот на Туркије во балканските земји во периодот јануари-септември годинава достигна 18 милијарди 877 милиони и 281 илјада долари, а земја во која е реализиран најголем извоз е Романија, со 5 милијарди 491 милион и 32 илјади долари.

Според податоците на Собранието на турските извозници (ТИМ) што ги собра новинарот на Анадолу, извозот на Туркије во периодот јануари-септември годинава се зголемил за 5,2 отсто во споредба со истиот период минатата година, од 200,5 милијарди долари на 210,9 милијарди долари.

Во периодот јануари-септември во балканските земји, меѓу кои се Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Романија, Србија, Словенија и Грција, е реализиран извоз во вредност од 18 милијарди 877 милиони и 281 илјада долари. Со тоа извозот на Туркије во балканските земји во наведениот период е зголемен за околу 121 милион и 181 илјада долари.

Во периодот јануари-септември, меѓу балканските земји најголем извоз е реализиран во Романија, во вредност од 5 милијарди 491 милион и 32 илјади долари.

По Романија следуваат Бугарија со 3 милијарди 913 милиони и 291 илјада долари, Грција со 2 милијарди 573 милиони и 771 илјада долари, Словенија со 2 милијарди 156 милиони и 498 илјади долари и Србија со 1 милијарда 551 милион и 645 илјади долари.

- Автомобилската индустрија се издвојува меѓу секторите во извозот во балканските земји -

Во периодот јануари-септември извозот во осум балкански земји е зголемен, а во три е забележан пад. Во овој период извозот во Босна и Херцеговина е зголемен за 19,9 отсто, во Бугарија за 16 отсто, извозот во Словенија е намален за 13,1 отсто, а во Романија за 5,5 отсто.

Во ист период, меѓу секторите во извозот во балканските земји се издвојува автомобилската индустрија. Извозот на секторот во земјите од регионот е намален за 6,2 отсто во споредба со ист период минатата година, од 3 милијарди 713,7 милиони долари на 3 милијарди 485,3 милиони долари.

По автомобилската индустрија следуваат хемиските супстанции и производи со 2 милијарди 834,1 милион долари и челикот со 2 милијарди 763,8 милиони долари.

- Истанбул е на прво место во извозот во балканските земји -

Во периодот јануари-септември во извозот на Туркије во балканските земји се издвојуваат Истанбул, Коџаели, Анкара, Бурса и Измир. Вкупниот извоз на овие 5 провинции во земјите од регионот изнесува 14 милијарди 337 милиони и 734 илјади долари.

Во првите 9 месеци од годината најголем извоз во балканските земји е реализиран од Истанбул, во вредност од 6 милијарди 976 милиони и 749 илјади долари.

По Истанбул следуваат Коџаели со 3 милијарди 552 милиони и 180 илјади долари, Анкара со 1 милијарда 594 милиони и 275 илјади долари, Бурса со 1 милијарда 391 милион и 536 илјади долари и Измир со 822 милиони и 994 илјади долари.

ИЗВОР:АА
Повеќе
Фидан: Туркије ги завршува подготовките за поднесување на Одбранбениот пакт од Мека до Парламентот
Туркије ја става макрофинансиската стабилност во преден план
Каџир: Туркије го удвои својот удел во глобалната додадена вредност на производството
Ердоган и Путин разговараа за односите меѓу Туркије и Русија и за безбедноста на Црното Море
Астронаутка на НАСА родена во Туркије се подготвува за својата прва вселенска мисија
Турскиот одбранбен сектор се профилира како партнер на Европа, со сè поголемо глобално присуство
Одбранбената алијанса од Мека го активира колективното одвраќање против нападите на Хутите
Туркије остро ги осуди активностите на Израел во сириската покраина Кунејтра
Ердоган: Туркије нема да се откаже од своите вселенски амбиции
АСЕЛСАН ќе развива хибриден систем за противвоздушна одбрана вреден 2.75 милијарди долари
Во Анталија, Туркије, започнува најголемиот светски годишен собир посветен на вселената
Чичкото со големи мустаќи ја одржува жива анадолската култура и традиција на Јуруците
Приказна за единственото турско село што не го сака пушењето
Ѓулер: Безбедноста на Кавказ е нераскинливо поврзана со безбедноста на Туркије, Азербејџан и Грузија
Турската Црвена полумесечина му помага на Палетинец да прооди откако Израел му ја одзел протезата
Туркије ги отфрли тврдењата дека била домаќин на состанок меѓу Сирија и Хезболах
Ердоган: Иницијативата „Туркије без терор“ донесе нов импулс во регионот
ТЕХНОФЕСТ Југоисток поврзува 12.000 години историја со технолошката иднина на Туркије
Шимшек: Туркије работи на забрзување за исплатите од проблематичните фондови
Турската разузнавачка служба го уапси осомничениот за терористичкиот напад во Рејханли во 2013