| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Претседателот на Колумбија објави прекин на дипломатските односи со Куба и Никарагва
Де ла Есприеља, исто така, најави повторно отворање на дипломатската мисија на Колумбија во Ерусалим, како и прекин на плановите за воспоставување колумбиска амбасада на палестинските територии, иницијатива што ја започна претходникот Густаво Петра
Претседателот на Колумбија објави прекин на дипломатските односи со Куба и Никарагва
Есприеља, кандидат на крајната десница, ја доби поддршката од американскиот претседател Трамп за време на изборната кампања

Новоизбраниот претседател на Колумбија, Абелардо де ла Есприеља, објави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Куба и Никарагва по стапувањето на должноста, велејќи дека неговата влада „нема да има врски со тирании“.

Де ла Есприеља, исто така, најави повторно отворање на дипломатската мисија на Колумбија во Ерусалим, како и прекин на плановите за воспоставување колумбиска амбасада на палестинските територии, иницијатива што ја започна владата на Густаво Петра, објави Аднкронос.

Меѓу амбасадите што ќе бидат затворени се оние во Алжир, Хаити, Барбадос, Унгарија, Сенегал, Етиопија и Јужноафриканската Република. Според планот, амбасадите во Италија и Франција би биле обединети.

Новоизбраниот претседател ги објасни овие промени со финансиски причини, наведувајќи дека сака да ги намали трошоците и да ги зголеми средствата за безбедност.

Де ла Есприеља, кандидат на крајната десница кој ја презема функцијата претседател на 7 август, објави на социјалните мрежи дека неговата влада ќе затвори вкупно 15 конзулати и 14 амбасади, со прекин на дипломатските односи само со две земји - Куба и Никарагва.

Тој ја доби поддршката од американскиот претседател Доналд Трамп за време на изборната кампања.

Колумбија и САД, долгогодишни сојузници, се соочија со невидени дипломатски тензии од почетокот на вториот мандат на Трамп, за време на кој имаше неколку судири со заминувачкиот левичарски претседател Густаво Петра, соопшти агенцијата.

Петро оцени дека Де ла Есприеља „прима директни наредби од американскиот Стејт департмент“ и го критикуваше, како што изјави, мешањето на Трамп во внатрешната политика на Колумбија поради неговата отворена поддршка за новоизбраниот претседател.

Во Никарагва, владата на претседателот Даниел Ортега, кој е на власт од 2007 година, спроведува реформи на изборниот систем кои, според критиките на опозицијата, би можеле дополнително да го ограничат учеството на опозициските партии. Вашингтон остро ги осуди ваквите потези.

Кога станува збор за Куба, односите со САД дополнително се влошија во последните месеци, додека Трамп постојано изразуваше остра реторика кон Хавана.

Повеќе
ОАЕ го осудуваат палењето на две џамии на Западниот Брег од страна на израелските окупатори
Пет алпинисти од Босна и Херцеговина загинаа на Елбрус
Јемен следното бојно поле во конфликтот меѓу САД и Иран?
Садик Ахмет и бескрајниот отпор на Турците од Западна Тракија
Што е Планината Пикакс, место кое Трамп се закани дека ќе го нападне?
Источното крило на Европа се насочува кон Туркије во услови на нови безбедносни реалности
Борба за моќ во Иран: Дали тврдокорните ја блокираат дипломатијата со САД?
Зулфиќар Зејнула избран за нов министер без ресор
Трамп: Би било многу лошо за Кина и Русија ако обезбедуваат оружје за Иран
Медиуми: Нетанјаху следната недела во САД на средба со Трамп
Средба на Фидан со претставничката на Гутереш за Кипар
Почесниот конзулат на Летонија во Славјанск оштетен при руски напад
Ердоган: Организирањето на Самитот на НАТО во Анкара  е извор на голема гордост и среќа
Израел ќе спроведе голема воена офанзива на делови од окупираниот Западен Брег
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник