| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни
„Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар“
Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни
Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни / TRT Balkan

Владата на вчерашната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни. Истовремено, како резултат на разговорите што ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од два денара по литар што ќе почне да се применува од понеделник, први јуни.
 
„Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар. Ова претставува конкретна и директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор, земјоделците и стопанството во целина. Намалувањето на цените на горивата ќе придонесе кон намалување на трошоците за живот и работење, како и кон задржување на ценовната стабилност во услови на глобални економски предизвици“, наведува Владата.
 
Владата, како што дополнува, останува посветена на политики што носат реални придобивки за граѓаните и ќе продолжи активно да презема мерки за заштита на животниот стандард и зајакнување на економската сигурност.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Иран вели дека нападите на Израел во Либан го одложуваат договорот со САД
Трамп: Иран сака договор со САД
Нетанјаху нареди напади на бејрутскиот округ Дахије
Пезешкијан: Не сум поднел оставка, додека дишам ќе продолжам да работам за мојата земја
Седумина повредени во ирански напад на американската воздухопловна база во Кувајт
САД нападнаа ирански позиции во Горук и островот Кешм
Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни
Косово бара поддршка од Албанија за членство во НАТО
Туркије повикува на воздржаност по нападот со дрон врз брод во турска сопственост во Црното Море
Кениецот Сабастијан Саве: Ерата на суперпатики и науката за модерното маратонско трчање
Сепаратизам во Алберта: Може ли Канада да се соочи со распад?
Растечката зависност на Русија од Кина го става на тест „рамноправното партнерство“
Oбвиненијата на МКС за апартхејд против израелскиот министер Смотрич би биле историски
Дебатата во Германија за воената обврска открива длабок генерациски јаз
Без тела, без збогувања: Исчезнатите од Газа оставаат зад себе бескрајна тага