| Macedonian
КУЛТУРА
2 мин читање
„Скејтбордингот не е за девојчиња“ најдобaр игран филм на 14. Џифони Македонија
За јуниорите, односно учесниците од шесто до деветто одделение, кои работеа во Кинотеката, најдобар игран филм е „Шефот и слаткото девојче“ во режија на Андреа Порпорати
„Скејтбордингот не е за девојчиња“ најдобaр игран  филм на 14. Џифони Македонија
Најактивни џифонци годинава, според жиријата се: Леко Бардароски, Сара Драгниќ и Калина Ивановска

Играниот филм на Дина Дума, „Скејтбордингот не е за девојчиња“ е најдобриот игран филм, според жирито на сениорите и кадетите на 14. Младински филмски фестивал Џифони Македонија, што беше затворен синоќа.

Вториот долгометражен филм на Дина Дума ги освои срцата на средношколците што годинава учествуваа на Џифони Македонија.

За јуниорите, односно учесниците од шесто до деветто одделение, кои работеа во Кинотеката, најдобар игран филм е „Шефот и слаткото девојче“ во режија на Андреа Порпорати.

За јуниорите најдобар краток филм беше „Мило“ во режија на Даниеле Фабиети, додека за сениорите -Мол (The Mole), во режија на Марко Санторо.

Најдобар анимиран краток филм е Sinema Rialto (Cinema Rialto) од Кипар, во режија на Антони Петроу.

Најдобар краток ученички филм за основнци е филмот „1863: Американска крв“ (1863: American Blood Director) на режисерот Лео Кан.

Најдобари кратки ученички филмови за средношколци е „Не биди тивок - пријави малтретирање“ (Don't Be Silent - Report harassment) на режисерката Фросина Захда и Достигнувајќи седимнаесет (Reaching Seventeen) на режисерката Марија Ковалева од Ерменија.

Најактивни џифонци годинава, според жиријата се: Леко Бардароски, Сара Драгниќ и Калина Ивановска. Тие се само дел од среќните што ќе учествуваат на Џифони експериенс в година.

Синоќа во киното „Фросина“ џифонци покажаа што сработиле во изминатите пет дена додека траеше фестивалот. Кратки играни и документарни филмови, дел од мјузикл, цртежи и сл. Џифони Македонија и годинава беше оаза за младите креативци и зона во која царува слободата и креативноста.

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на Италија, Амбасадата на Италија, Италијанскиот културен инстиут, Џифони Експириенс, Град Скопје, како и општините Карпош, Центар и Кисела Вода.

Повеќе
Шведската политичарка Андерсон неуспешна во најновиот обид за формирање влада
Цената на бензините и дизелот останува иста, поскапува само мазутот
Извозот на Туркије во балканските земји во периодот јануари-септември речиси 19 милијарди долари
Нетанјаху нареди гонење на војниците кои ги открија масовните убиства во Газа во документарецот НАЗА
Наезда од креветни бубачки го откажа летот на „Квантас“ од Рим за Перт
Фон дер Лајен ги осуди нападите со дронови кај Бугарија
Јорданскиот крал Абдула Втори пристигна во Австралија на прва посета по една деценија
Северна Кореја потврди тест на тактичка балистичка ракета
Куртулмуш: Туркије мора да го зајакне својот внатрешен фронт во услови на регионалната нестабилност
Туркије го повика Израел да ги запре „непромислените“ напади во Сирија
Австралискиот премиер го нарече „одвратен“ планот на САД за пренос на погубување во живо
Црна Гора затвори уште три преговарачки поглавја во процесот на пристапување кон Европската Унија
Повторно дронови нападнале два брода во близина на Бугарија, еден потонал
Мелони ја повика ЕУ да најде долгорочно решение за високите цени на енергијата
Трамп не верува оти Кина и Русија му помагаат на Иран