| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Пет децении посветеност: Турскиот мајстор Мустафа 58 години им дава живот на радијата
Во историската чаршија Араста во Општина Ментеше, во турската западна област Мугла, 72-годишниот Бекташ продолжува да ја практикува професијата радиомеханичар, занает што полека се заборава
Пет децении посветеност: Турскиот мајстор Мустафа 58 години им дава живот на радијата
„Па, луѓето имаат стотици касети“: Сѐ повеќе луѓе се навраќаат на стариот начин на живот и имаат потреба од поправка на радиокасетофони, вели Бекташ / AA
14 февруари 2026

Турскиот мајстор Мустафа Бекташ веќе 58 години во својата работилница од шест квадратни метри поправа радија, касетофони и грамофони и посетителите ги носи на патување низ историјата, пишува Анадолу.

Во историската чаршија Араста во Општина Ментеше, во турската западна област Мугла, 72-годишниот Бекташ продолжува да ја практикува професијата радиомеханичар, занает што полека се заборава.

Како последен мајстор во историската чаршија, познат како радиомеханичарот Мустафа, се спротивставува на развојот на технологијата и предизвиците што таа ги носи.

Мустафа Бекташ на дописникот на АА му раскажа дека со оваа професија започнал уште на 14-годишна возраст, охрабрен од неговиот тогашен мајстор-учител, а до ден-денес се усовршува во занаетот.

Бекташ истакна дека во последниве години, особено во занаетите што полека заминуваат во заборав, не се обучуваат нови ученици, додавајќи: „Веќе 47 години ја практикувам мојата професија во сопствена работилница во историската чаршија. Веќе 58 години се занимавам со поправка на радија. Радиото има многу посебни карактеристики. Пред многу години единствена забава на луѓето беше да слушаат вести и музика на радио. Луѓето се собираа во селските кафулиња за да ги слушаат агенциските вести од радиото.“

Бекташ рече дека во старите радија немало станици на долги и кратки фреквенции, но тој им поставил ФМ-предавател за да можат љубителите да слушаат емитување во живо.

Стариот начин на живот, пред целосната дигитализација, е живеење на кое се навраќаат сѐ повеќе луѓе. Токму поради тоа, Бекташ има сѐ повеќе клиенти што имаат потреба од поправка на радиокасетофони, додавајќи: „Па, луѓето имаат стотици касети.“

Бекташ раскажа дека во 1970-тите години, особено луѓето што живееле во селата, кога ќе се расипеле нивните радија, со автобус ги праќале до градот, а за бидат сигурни во експедитивноста на поправката како поткуп праќале домашни производи, на пример, јајца.

Тој нагласи дека поправката на радија е многу убав занает, велејќи дека некогаш радиото може да го поправи за 10 минути, а понекогаш му е потребно да работи со денови.

Мустафа Бекташ рече дека приближно 2.000 радија, касетофони и грамофони што ги собирал во текот на половина век ѝ ги донирал на Општина Ментеше за да не завршат како старо железо, а општината ги изложува во своите културни центри. Бекташ додаде дека ќе продолжи да го работи занаетот сѐ додека му дозволува здравјето.

Извор: АА

Повеќе
Туркије договори со Светска банка финансирање на голем железнички премин во Истанбул
Ердоган инсистира на продолжување на примирјето со Иран, го предупредува Израел да не го саботира
Фидан разговараше со колегите од Пакистан и Иран за мировните разговори меѓу Вашингтон и Техеран
ИФРЦ планира повеќе пратки помош од Туркије за Иран
Туркије ќе се залага за фер финансирање за климата на COP31
Во турска Испарта три генерации од семејството Сезер го претвораат дрвениот отпад во уметност
Турски хирург кој го „кроти“ времето: Поправа часовници да ги подготви вештите раце за операција
Ердоган му рече на Пезешкијан дека разговорите меѓу САД и Иран треба да обезбедат траен мир
Турски брод за дупчење пристигна во Сомалија за прва мисија во длабоко море во странство
Дуран: НАТО мора да се трансформира за да се соочи со предизвиците на модерното структурно војување
Туркије ја повикува Грција да ги почитува правата на избраните верски водачи на турското малцинство
Приведени десет лица по терористичкиот напад во Истанбул
Туркије го поздравува привременото примирје меѓу САД и Иран и повикува на „целосно спроведување“
Ердоган го осуди спречениот терористички напад во Истанбул
Туркије и Сирија потпишаа сеопфатен договор за економска интеграција
Тројца терористи неутрализирани по престрелка во близина на израелскиот конзулат во Истанбул
Туркије покрена транзитна трговија со Саудиска Арабија поради кризата во Ормускиот теснец
Агенција Анадолу одбележува 106 години, честитки и од претседателот Ердоган
Ердоган: Израел ги поткопува сите напори за завршување на конфликтот на Блискиот Исток
Турскиот претседател упати честитки до христијанската заедница за Велигден