Охридски чинар: Дрвото што му пркоси на времето
КУЛТУРА
2 мин читање
Охридски чинар: Дрвото што му пркоси на времетоСе проценува дека е стар помеѓу 1.100 и 1.300 години, што значи дека неговите корени ја памтат епохата на Самоиловото царство
Охридски чинар: Дрвото што му пркоси на времето / TRT Balkan MK

Постојат такви места, полни со душа, историја, култура и традиција. Симболи на времето, местото и народот. Таков е и Охрид со сѐ што поседува, а едно од тие обележја на градот е и Охридскиот чинар.

Расцепен е на две. На места е шупливо, толку длабоко што цел човек би можел да застане внатре. И сепак, секоја пролет, без исклучок, цути.

Охридскиот чинар не е само дрво. Тој е биографија на еден град.

Се проценува дека е стар помеѓу 1.100 и 1.300 години, што значи дека неговите корени ја памтат епохата на Самоиловото царство. Додека империите се сменувале, додека езерото мирно го одразувало минувањето на вековите, овој Platanus orientalis стоел на истото место- нем, постојан, неоспорен.

За тоа колку е вкоренет во секојдневниот живот на градот, за ТРТ Балкан зборуваше и еден охридски граѓанин:

„Кога ќе речеш: 'Кај чинарот', и порано состаноци и такви собири, кога ќе кажеш 'чинарот', сите се наоѓале. Сите го знаат ова место."

Не е адреса. Не е опис. Е точка на гравитација- место на кое градот се собира сам по себе, без покана.

За ботаничарите, тој е редок примерок. Неговиот обем на стеблото надминува шест метри, а крошната фрла сенка врз површина поголема од двесте квадратни метри- доволно за цел пазар или кафеана под неа, какви што навистина некогаш постоеле Дрво со ваква возраст и димензии е реткост не само во нашата држава, туку и во целиот регион. За Охриѓани, пак, е нешто на кое потешко му се наоѓа зборот- симбол, чувар, часовник кој не брои часови, туку векови.

Стеблото е расцепено, кората е избраздена и тешка, а сенката- широка и ладна, каква само старото дрво умее да даде. Но во тие пукнатини нема пораз. Во нив е само доказ дека нешто постои подолго отколку сè друго наоколу.

Секој април, лисјата се враќаат. Тивко, без брзање, како и секогаш.

Повеќе
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Зеленски: Шест лица загинаа, десетици се повредени во рускиот напад врз регионот на Киев
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа
Трамп ќе замрзнува ирански средства за надомест на штетите во Ормутскиот Теснец
Кина и АСЕАН повикаа на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток