Трамп: Тие што немаат керозин нека купат од САД или да одат во Ормускиот теснец сами да си го земат

Доналд Трамп ги издвои Велика Британија и Франција како бескорисни во едномесечната војна која ги потресе глобалните пазари, ги зголеми цените на енергијата и доведе до тоа Иран ефикасно да го затвори сообраќајот на танкерите за нафта низ теснецот

By
САД повеќе нема да бидат таму да ви помогнат, исто како што вие не бевте таму за нас, рече Трамп / Reuters

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник ги повика земјите кои не помогнаа во нападите на САД и Израел врз Иран да купат американска нафта и да одат во Ормускиот теснец и „едноставно да си ја земат“.

Доналд Трамп ги издвои Велика Британија и Франција како бескорисни во едномесечната војна која ги потресе глобалните пазари, ги зголеми цените на енергијата и доведе до тоа Иран ефикасно да го затвори сообраќајот на танкерите за нафта низ теснецот.

„Сите оние земји кои не можат да добијат гориво за авиони поради Ормускиот теснец, како Велика Британија, која одби да учествува во обезглавувањето на Иран, имам предлог за вас: Број 1, купете од САД, имаме многу од него, и Број 2, соберете малку одложена храброст, одете во теснецот и едноставно ЗЕМЕТЕ си“, рече Трамп во објава на Вистина (Truth Social).

- Ќе мора да почнете да учите како да се борите за себе, САД повеќе нема да бидат таму да ви помогнат, исто како што вие не бевте таму за нас. Тешкиот дел е завршен. Одете земете ја вашата нафта!, се вели во објавата.

Тој, исто така, ја критикуваше Франција што не дозволува авиони што носат воена опрема за Израел да летаат над нејзина територија.