Кинескиот претседател Си Џинпинг денес ја потврди „непоколебливата“ посветеност на Пекинг на „решавањето на прашањето за Тајван“.
„Решавањето на прашањето за Тајван и реализацијата на целосното обединување на Кина е историска мисија и непоколеблива посветеност за Комунистичката партија на Кина (КПК)“, беше цитиран Си од страна на пекиншката новинска агенција „Синхуа њуз“ додека се обраќаше на церемонијата по повод 105-годишнината од основањето на партијата.
Си, кој е генерален секретар на Централниот комитет на КПК, вети дека ќе преземе „решителни акции“ за борба против сецесионистите кои бараат „независност на Тајван“, ќе се спротивстави на надворешно мешање и ќе го унапреди националното обединување.
Кина го смета Тајван за своја „отцепена“ покраина, додека Тајпеј инсистира на својата независност.
Си рече дека промовирањето на долгорочен просперитет и стабилност во Хонг Конг и Макао е од суштинско значење за реализација на националното подмладување.
Повикувајќи на напори за „решително“ зачувување на суверенитетот, безбедноста и развојните интереси на Кина, тој нагласи дека е потребно да се одржи апсолутното водство на партијата над народните вооружени сили.











