| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Сијарто: Ќе ставиме вето на предложените царини на феролегури во ЕУ
„Царините и санкциите веќе нанесоа огромна штета на европскиот економски систем и дефинитивно не ни требаат нови“, додаде унгарскиот прв дипломат
Сијарто: Ќе ставиме вето на предложените царини на феролегури во ЕУ
Сијарто: Ќе ставиме вето на предложените царини на феролегури во ЕУ / Reuters
14 ноември 2025

Унгарија повторно ќе го употреби право на вето, односно ќе гласа против предлогот на Европската комисија за воведување нови царини на увозот на феролегури, откри унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„Брисел едноставно не може да се смири. Европската комисија сега сака повторно да воведе нови царини, овој пат на увозот на феролегури. Тоа ќе предизвика нов бран поскапувања затоа што овие суровини се користат во многу индустриски сектори“, напиша Сијарто на американската платформа за социјални медиуми Х.

Феролегурите се клучни материјали во производството на челик и во други стратегиски индустриски процеси.

Министерот рече дека претходно во текот на денот имал телефонски разговор со норвешката министерка за трговија Сесили Мурсет, при што уште еднаш го повторил унгарското противење на мерката пред гласањето.

„Царините и санкциите веќе нанесоа огромна штета на европскиот економски систем и дефинитивно не ни требаат нови“, додаде тој.

Сијарто упати и критики кон Европската комисија и нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен, велејќи дека се „несоодветни за својата функција“ и дека „е време за промени во Брисел.“

Предлогот на Европската комисија за царините на феролегури се очекува да биде разгледан од земјите членки подоцна во текот на денот.


Повеќе
Израелските сили ја заострија опсадата на Западниот Брег, упаднаа во Калкилија
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Израелски резервен офицер се самоуби откако беше вмешан во геноцидот во Газа
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Германската опозиција ја критикува планираната посетата на канцеларот во Израел
Путин пречекан на претседателската церемонија пред самитот Индија-Русија
Њујорк тајмс го тужи Пентагон дека ја ограничува слободата на изразување
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
ТРТ го напушти состанокот на ЕБУ, членовите се судрија околу учеството на Израел на Евровизија
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата
Турскиот извоз на одбранбената и авијациската индустрија достигна рекордни 7,4 милијарди долари
Николовски во Брисел: Процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ е политички
Европската комисија ја одобри реформската агенда на Босна и Херцеговина