| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Трамп воведе царини за 69 држави, за Србија 35%, за БиХ 30%, за Северна Македонија 15%
Новите царини, кои ќе стапат на сила на 7 август, се движат од 10 до 41 процент, со највисока царина за Сирија, а Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја ќе бидат предмет на царини од 15 проценти
Трамп воведе царини за 69 држави, за Србија 35%, за БиХ 30%, за Северна Македонија 15%
Од европските земји најсилно е погодена Швајцарија, со стапка од 39 отсто / AP

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат повисоки царини за десетици земји низ целиот свет за „реструктуирање на глобалната трговија во корист на американските работници“, објави Белата куќа.

Новите царини се движат од 10 до 41 процент, со највисока царина за Сирија. Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја ќе бидат предмет на царини од 15 проценти. Србија ќе се соочи со царини од 35 проценти, а Босна и Херцеговина од 30 проценти. Ирак 35%, Лаос 40%, Мјанмар 40%, Швајцарија 39% и Сирија 41% беа означени со повисоки стапки.

Белата куќа наведе дека царините ќе стапат на сила на 7 август, а не на 1 август како што беше најавено. Царините за канадска стока се зголемуваат од 25 на 35 проценти, но ќе стапат на сила од петок.

„Како одговор на континуираната неактивност и одмазда на Канада, претседателот Трамп сметаше дека е потребно да ги зголеми царините за Канада од 25 проценти на 35 проценти за ефикасно решавање на постојната вонредна состојба“, соопшти Белата куќа, додавајќи дека Канада не соработувала во борбата против фентанилот и другите нелегални дроги. 

Македонија има стапка од 15 отсто, исто како за Европската Унија, којашто склучи трговски договор само пред три дена, на 27 јули. Првично објавената царинска стапка за македонските стоки од месец април, изнесуваше 33 отсто, што значи дека новата стапка е повеќе од двојно пониска.

Од европските земји најсилно е погодена Швајцарија, со стапка од 39 отсто. Црна Гора и Албанија, како и сите останати земји коишто не се наоѓаат на списокот на земји наречен од Белата куќа, Анекс 1, ќе имаат пониска стапка, од 10 отсто.

Производите од Тајван имаат царина од 20 отсто, Израел од 15 отсто, Јужна Африка од 30 отсто, Венецуела од 15 отсто, економиите од југоисточна Азија Камбоџа, Малезија и Тајланд добија 19 отсто, додека Лаос и Мјанмар високи 40 отсто


Повеќе
Најмалку деветмина загинати во израелски воздушни напади врз Јужен Либан
Епстин пред смртта градел врски на влијание со африканската елита
Зеленски: Ќе разговараме со САД дали предлогот за примирје на Русија е вистински
Командантот на КФОР вели дека Туркије е меѓу главните придонесувачи во мисијата на НАТО на Косово
Трамп повторно го притиска претседателот на Израел да го помилува Нетанјаху
„Регионалниот план за справување со отпад е клучна алатка за решавање на проблемот со отпадот“
Фидан: Во ЕУ нема политичка волја за членството на Туркије
ЦЕНТКОМ ќе го информира Трамп за нови воени опции во Иран
Изведен пред суд екс директорот на ФБИ кој се судри со Трамп
Туркије: Постапките на Израел против Глобалната флотила за Газа се чин на пиратство
Израел заплени и онеспособи бродови од Флотилата за Газа во меѓународни води
Трамп: Повлекувањето на ОАЕ од ОПЕК ќе ја намали цената на нафтата
Средба Фон дер Лајен – Маѓар во Брисел: Унгарија наскоро ќе добие средства од ЕУ
Путин предложил прекин на огнот во Украина на 9 мај, а Трамп ја прифатил идејата
Зеленски објави санкции за руски функционери и бродови кои се користат за извоз на руски енергенси