| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Трамп ги прати Витков и Кушнер во Египет на преговорите за примирје во Газа
На 29 септември Трамп претстави план од 20 точки, кој вклучува ослободување на сите израелски заробеници во замена за палестинските затвореници, прекин на огнот, разоружување на палестинската група Хамас и обнова на Газа
Трамп ги прати Витков и Кушнер во Египет на преговорите за примирје во Газа
Трамп ги прати Витков и Кушнер во Египет на преговорите за примирје во Газа / AP

Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џеред Кушнер, пристигнаа во Египет рано утринава за да се вклучат во преговорите за прекин на огнот во Газа, објавија американските медиуми, пренесува Анадолу.

„Пратеникот на претседателот Трамп, Стив Виткоф, и Џеред Кушнер пристигнаа во Шарм ел-Шеик утринава за да се вклучат во преговорите за договорот за ослободување на преостанатите заложници што ги држи Хамас и за завршување на војната во Газа, која сега надмина две години“, објави „Аксиос“.

Трамп вчера се состана со својот тим за национална безбедност за да разговара за напредокот на преговорите за Газа пред Виткоф и Кушнер да заминат за Египет.

Според извештајот, високи американски претставници изразиле претпазлив оптимизам во врска со шансите за постигнување договор оваа недела и нагласиле дека Кушнер и Виткоф нема да го напуштат Египет без договор за ослободување на заложниците и завршување на војната.

Катарскиот премиер, шеикот Мухамед бин Абдулрахман ал-Тани, треба да замине за Шарм ел-Шеик подоцна во текот на денот за да се придружи на преговорите, кои започнаа во понеделник.

На 29 септември Трамп претстави план од 20 точки, кој вклучува ослободување на сите израелски заробеници во замена за палестинските затвореници, прекин на огнот, разоружување на палестинската група Хамас и обнова на Газа.

Од октомври 2023 година израелската војска уби над 67.100 Палестинци во Газа, повеќето жени и деца.

Немилосрдното бомбардирање ја направи енклавата несоодветна за живеење и доведе до масовно раселување, глад и ширење на болести.


Повеќе
Истанбул е домаќин на глобален туристички настан вреден 116 милиони долари
Пакистан: САД и Иран да се вратат на преговорите и покрај недовербата
Трамп не се кае за војната со Иран иако ќе се одрази на меѓуизборите
Неколкумина загинати и повредени во несреќа на туристички автобус во Швајцарија
Повеќе експлозии одекнаа во близина на базата Ербил во Ирак
САД нема да извршат напади врз Хутите по барање на Саудиска Арабија
Туркије и Италија потпишаа договор за соработка во областа на трудот и социјалните политики
Шпанскиот Конгрес го поддржува државјанството за жителите на Западна Сахара родени пред 1977 година
Врховниот суд ја укина пресудата за несреќата кај  Ласкарци и случајот го врати на повторно судење
САД ги притискаат сојузниците од НАТО да го распуштат МКС и да се повлечат од основачкиот договор
Август најтопол месец во светот досега, според климатската агенција на ЕУ-Коперник
ЕБОР поддржа ветерен парк од 131 мегават во Штип
Трамп вети по 5.000 долари за секој граѓанин ако републиканците победат на средорочните избори
Листата на есенцијални лекови ажурирана по повеќе од една деценија
Руте: Треба да се направи многу повеќе за НАТО да биде предводен од Европа