Христијанските верници денес го прославуваат најголемиот христијански празник Велигден.
По тој повод се одржуваат велигденски литургии во црквите низ македонските градови, но и во регионот и светот, на кои традиционално присуствуваат голем број луѓе.
Според христијанското верување, Исус Христос воскреснал на третиот ден по неговата смрт, а преку овој празник се слави победата на животот над смртта.
Обредите по повод празникот почнуваат на Велики четврток кога, пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца што, според верувањето, ја симболизира крвта на Исус.
По литургиите, граѓаните во своите домови, во семејна атмосфера, со трпеза со традиционални јадења, а потоа и со посета на блиските го одбележуваат празникот.
























