| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Сенатот му даде зелено светло на Трамп да ја продолжи војната
Резолуцијата, која можеше да доведе до прекин на американската воена акција, беше одбиена со 53:47 во гласови, при што доби поддршка од еден републиканец, но беше отфрлена од еден демократски сенатор
Сенатот му даде зелено светло на Трамп да ја продолжи војната
Повеќето републиканци ја блокираа резолуцијата, но некои рекоа дека би можеле да го променат ставот ако војната се прошири во наредните недели / Reuters

Републиканското мнозинство во американскиот Сенат ја отфрли резолуцијата со која се бараше Доналд Трамп да мора да има одобрение од Конгресот за војната против Иран. Резолуцијата, која можеше да доведе до прекин на американската воена акција, беше одбиена со 53:47 во гласови, при што доби поддршка од еден републиканец, но беше отфрлена од еден демократски сенатор.

Демократите тврдат дека Трамп го заобиколил Конгресот и понудил променливи причини за војната. Повеќето републиканци ја блокираа резолуцијата, но некои рекоа дека би можеле да го променат ставот ако војната се прошири во наредните недели.

Трамп и претходно нареди воени операции без одобрение од Конгресот, како нападите врз иранските нуклеарни постројки минатата година и упадот во Венецуела, кога беше заробен претседателот Николас Мадуро.

САД и Израел почнаа со нападите во саботата, а Иран одговори со напади врз Израел и сојузничките држави на САД во Заливот. Војната вчера дополнително се прошири откако американска подморница потопи ирански воен брод покрај брегот на Шри Ланка, при што загинаа најмалку 87 луѓе, а противвоздушната одбрана на НАТО собори ирански проектил што се движел кон Туркије.

Војната продолжува да го парализира бродскиот сообраќај низ Ормускиот Проток, клучната маршрута за извоз на нафтата и гасот од Блиски Исток.

Повеќе
„Регионалниот план за справување со отпад е клучна алатка за решавање на проблемот со отпадот“
Фидан: Во ЕУ нема политичка волја за членството на Туркије
ЦЕНТКОМ ќе го информира Трамп за нови воени опции во Иран
Изведен пред суд екс директорот на ФБИ кој се судри со Трамп
Туркије: Постапките на Израел против Глобалната флотила за Газа се чин на пиратство
Израел заплени и онеспособи бродови од Флотилата за Газа во меѓународни води
Трамп: Повлекувањето на ОАЕ од ОПЕК ќе ја намали цената на нафтата
Средба Фон дер Лајен – Маѓар во Брисел: Унгарија наскоро ќе добие средства од ЕУ
Путин предложил прекин на огнот во Украина на 9 мај, а Трамп ја прифатил идејата
Зеленски објави санкции за руски функционери и бродови кои се користат за извоз на руски енергенси
Мерц: Слободниот транзит по глобалните морски линии е клучен за економски успех
Ердоган повика на единство и братство во услови на регионалните предизвици
Силјановска Давкова- Пармелан: Швајцарија е еден од нашите најголеми донатори
Израел постави рок од две недели за постигнување договор со Либан
„Нема повеќе Господин фино момче“: Трамп со пушка во нова закана кон Иран