Трамп се пошегува дека Венецуела би можела да стане 51-та држава на САД

„Добри работи ѝ се случуваат на Венецуела во последно време! Се прашувам за каква магија се работи? СТАТУС НА ДРЖАВА, #51, НЕКОЈ?“

By
Трамп се пошегува дека Венецуела би можела да стане 51-та држава на САД / Reuters

Американскиот претседател Доналд Трамп се пошегува дека Венецуела би можела да стане 51. држава на Соединетите Американски Држави (САД), откако нивниот тим извојува победа над Италија во полуфиналето на Светскиот бејзбол класик.

„Леле! Венецуела ја победи Италија вечерва со 4:2 во полуфиналето на Светскиот бејзбол класик. Изгледаат навистина одлично.“

„Добри работи ѝ се случуваат на Венецуела во последно време! Се прашувам за каква магија се работи? СТАТУС НА ДРЖАВА, #51, НЕКОЈ?“, напиша Трамп на својата платформа „Трут соушал“.

По неколкумесечни зголемени тензии, САД го заробија венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, на 3 јануари, што предизвика серија настани, вклучително и именувањето на потпретседателката Делси Родригез за привремена претседателка на Венецуела, измени во клучниот закон за нафта во земјата и ослободување на дел од политичките затвореници.

Трамп претходно ја повика и Канада да стане 51. сојузна држава на САД.