| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Зеленски: Европа обединета во потребата од вистински мир и безбедносни гаранции за Украина
Самитот, чиј домаќин беше британскиот премиер Кир Стармер, а на кој присуствуваа многу европски лидери, се одржа по расправијата меѓу Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс во Белата куќа
00:00
Зеленски: Европа обединета во потребата од вистински мир и безбедносни гаранции за Украина
Ќе има дипломатија за мир, и за доброто на сите нас заедно- Украина, цела Европа и Америка, додаде Зеленски / AFP
3 март 2025

Украинскиот претседател Владимир Зеленски истакна дека Европа е обединета околу потребата од вистински мир и безбедносни гаранции за Киев.

„Постои јасна поддршка од Европа. Дури уште поголемо единство, уште посилна подготвеност за соработка“, рече Зеленски во синоќешното видеообраќање по самитот со европските лидери во Лондон.

„Сите се обединети за главната цел – за мирот да биде реален, потребни се вистински безбедносни гаранции. И ова е позицијата на цела наша Европа – на целиот континент. Велика Британија, Европската Унија, Норвешка, Туркије.“

Зеленски рече дека ќе има многу други состаноци и заеднички активности во наредните денови и недели.

„Ќе има дипломатија за мир. И за доброто на сите нас заедно – Украина, цела Европа и Америка“, додаде тој.

Нагласи дека Европа ќе ги обликува своите заеднички ставови во блиска иднина, кои потоа ќе бидат претставени пред партнерите во Соединетите Американски Држави (САД).

За досегашната поддршка на САД, тој рече: „Немало ниту еден ден, а да не сме се чувствувале благодарни. Затоа што тоа е благодарност за зачувувањето на нашата независност: нашата отпорност во Украина е изградена врз она што нашите партнери го прават за нас и за нивната сопствена безбедност“.

„Силен и траен мир, и правилниот договор за крајот на војната се навистина наш заеднички приоритет“, додаде тој.

Самитот, чиј домаќин беше британскиот премиер Кир Стармер, а на кој присуствуваа многу европски лидери, се одржа по расправијата меѓу Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс во Белата куќа.

Зеленски изрази сомневање дека дипломатијата може да резултира со мир, а Трамп и Венс го критикуваа украинскиот лидер дека не е благодарен за американската поддршка.

Церемонијата на потпишување на договорот за минералните ресурси и прес-конференцијата потоа беа откажани, а Зеленски ја напушти Белата куќа.

На состанокот во Лондон, Стармер ги претстави плановите за создавање „коалиција на волните“ за спроведување на мировен договор во Украина.

Тој нагласи дека Велика Британија и Франција ќе подготват мировен план што ќе му го претстават на Трамп.


ИЗВОР:TRT World and Agencies
Повеќе
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната