| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Кои се десетте најнаселени градови во светот?
Со 37,4 милиони жители, Токио го носи епитетот на најнаселен град, а по него следуваат Делхи и Шангај, градови кои се во првите три на листата од 10 најнаселени градови во светот.
Кои се десетте најнаселени градови во светот?
Токио најнаселен град во светот         Фото: АП / DPA

Глобализацијата ја менува и демографската слика, а со тоа и бројот на луѓето што живеат во градовите. Големите градови стануваат уште поголеми, а со тоа и понаселени.

Независната организација „World Population Review“, која се занимава со собирање, анализа и презентација на податоци, направи листа на десет најнаселени градови во светот.

Најнаселен е главниот град ја Јапонија, Токио, кој има 37,4 милиони жители. По Токио следуваат, главниот град на Индија, Делхи со 29,3 милиони жители и Шангај - една од четирите „градови-покраини“ на Кина, со 26,3 милиони жители.

Најголемиот град во Бразил, Сао Пауло е четвртиот град во светот според бројот на населението. Градот има вкупно 21,8 милиони жители.

Петти град според бројот на жители е Мексико Сити, на чија територија живеат 21,6 милиони луѓе.

На листата на 10 градови со најмногу население се и главниот град на Египет, Каиро (20,4 милиони жители), Дака, главниот и најголем град на Бангладеш со 20,2 милиони жители.

На осмото место на листата на десет најнаселени градови во светот е главниот град на сојузната држава Махараштра во Индија и нејзиниот финансиски центар Мумбај (20,1 милиони жители).

Во топ 10 листата на градови со најмногу жители се најдоа и главниот град на Кина, Пекинг со 20,03 милиони жители и Осака во Јапонија со 19,2 милиони жители.

„Можеби не е изненадувачки што најголемиот дел од најнаселените градови во светот се во двете најнаселени земји во светот, Кина и Индија“, пишува во анализата објавена на сајтот на „World Population Review“.

Истанбул - најнаселен град во Европа

Според организацијата, од европските градови, Истанбул е најнаселен град, со повеќе од 14,5 милиони жители. Потоа следат Москва (над 12 милиони) и Париз (11 милиони вклучувајќи ја и зоната на париското метро). Овие градови се секако и културно значајни затоа што угостуваат милиони туристи од целиот свет.

Има голем број на популарни и културно богати градови кои имаат помало население, што често создава повисок животен стандард за нивните жители.

Барселона, Сиднеј, Берлин и Ванкувер имаат помалку од пет милиони жители, но се многу популарни избори за градско живеење.

Мали, но значајни градовиИсто така, постојат некои релативно мали градови со голема културна, историска или политичка репутација, како што се Сараево (314.000 жители), Единбург (502.000 жители) и Венеција (631.000 жители), што покажува дека малите градови можат да бидат многу значајни без оглед на големината на нивното население, пишува „World Population Review“.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Милановиќ одбива да го одобри новиот амбасадор на Израел поради политиката на израелската Влада
Политико: Кој би можел да ја преземе улогата на потенцијален европски преговарач со Русија
Анкета на Њујорк тајмс: Рејтингот на Трамп паднал на околу 37%
Ново тело ќе управува со Ормускиот Теснец, најави Иран
Американски бази во Германија наводно користени за масовни пратки со оружје за Израел
Сиљановска Давкова - Пирц Мусар: ЕУ останува наш приоритет со поддршка од Словенија на тој пат
Туркије ја осуди израелската интервенција врз хуманитарната флотила кон Газа
Иран: Преговорите со САД продолжуваат со посредување на Пакистан
Албанезе: Земјите од Медитеранот да ја заштитат хуманитарната флотила Сумуд од Израел
Израел изградил две тајни воени бази во Ирак за операции против Иран
Медиуми: Израел „се подготвува да заплени флотила што се упатува кон Газа“ во меѓународни води
Киев тврди дека руските трупи нападнале кинески трговски брод во украинските територијални води
Вучиќ: Посетата на Кина ќе биде најзначајната во последните 30 години
Калас: САД, Кина и Русија не ја сакаат силна и обединета Европа
Фидан утре во Берлин: Клучни разговори за ЕУ, трговијата и Блискиот Исток