| Macedonian
Силни осцилации на глобалните акции за чипови и технолошките компании поради бумот на ВИ
Глобалните акции за полупроводници изгубија повеќе од 3 билиони долари пазарна вредност за време на распродажбата во јули пред да забележат силно закрепнување
Силни осцилации на глобалните акции за чипови и технолошките компании поради бумот на ВИ
ETФ за полупроводници падна за 22,1% во јули, додека индексот на Јужна Кореја скокна за речиси 18% во една сесија по историските загуби

Глобалните акции за полупроводници и технологија во текот на јули забележаа некои од нивните најостри ценовни осцилации во последните години, при што билиони долари пазарна вредност беа избришани пред производителите на чипови да се опорават поради силните приходи од пресметувања во облак (cloud computing) и континуираните инвестиции во вештачката интелигенција.

Индексот што опфаќа 80 од најголемите светски компании за полупроводници изгуби повеќе од 3 билиони долари пазарна вредност помеѓу почетокот на јули и најниската точка на распродажбата, според податоците на Фајненшл Тајмс.

иШерс Семикондактор ЕТФ (iShares Semiconductor ETF), кој ги следи главните компании за чипови котирани на берзата во САД, падна за 22,1% во јули, неговиот најстрм месечен пад од декември 2002 година.

И покрај месечниот пад, фондот остана 67,7% повисок од почетокот на годината.

Поширокиот EТФ (Фонд со кој се тргува преку размена) од американскиот технолошки сектор се намали за 8%, додека фондот фокусиран на софтвер доби 4,4%.

Колку беа големи дневните осцилации?

Индексот Филаделфија Семикондактор Philadelphia Semiconductor се врати за околу 10% во периодот 30-31 јули, што го означува својот најсилен дводневен пораст од 12 јуни.

Сепак, индексот сè уште беше приближно 22% под својот врв на затворање на 22 јуни.

Микрон Технолоџи порасна за 18,4% на 30 јули пред да падне за 5,9% следната сесија. Американскиот производител на мемориски чипови го заврши јули со пад од 28,7%, што го илустрира обемот на дневните пресврти во рамките на секторот.

Осцилациите беа уште поголеми во Јужна Кореја. Индексот Koспи падна за 10,8% на 28 јули, бидејќи Самсунг Електроникс изгуби 13,4%, а СK Хиникс (SK Hynix) падна за 14,7%. Три дена подоцна, корејскиот репер скокна за речиси 18%, бидејќи инвеститорите се вратија во акциите на полупроводниците.

Во понеделник, Koспи падна за над 5,1%, СK Хиникс изгуби 3,5%, а Самсунг се намали за повеќе од 8,7%.

Насдак 100 *Nasdaq 100) исто така падна за повеќе од 10% од својот врв на почетокот на јуни за време на распродажбата, влегувајќи во територија на корекција бидејќи падовите се проширија од производителите на чипови кон други технолошки компании поврзани со вештачката интелигенција.

Што покажуваат заработките на производителите на чипови?

Нвидиа објави приход од 81,6 милијарди долари за својот прв фискален квартал, што е зголемување од 85% во однос на претходната година. Приходите од центрите за податоци се зголемиле за 92% на 75,2 милијарди долари и учествувале со повеќе од 92% во вкупната продажба на компанијата.

Приходите на Микрон (Micron) во фискалниот трет квартал достигнале 41,46 милијарди долари, во споредба со 9,30 милијарди долари во истиот квартал претходната година, што претставува зголемување од 346%. 

Приходите од ДРАМ се зголемиле за 343% на 31,33 милијарди долари, додека приходите од НАНД се зголемиле за 361% на 9,94 милијарди долари.

Самсунг Електроникс објави рекордни приходи во вториот квартал од 171,5 билиони вони, или приближно 124 милијарди долари, што е за 28% повеќе во однос на претходниот квартал.

Одделот за решенија за уреди на Самсунг, кој ги вклучува нејзините операции со полупроводници, генерирал приходи од 89,3 милијарди долари и оперативен профит од 62,5 милијарди долари. 

Компанијата соопшти дека нејзиниот бизнис со меморија го забележал својот највисок квартален приход и профит досега, поддржан од серверските производи, испораките на ХБM4 и повисоките цени на меморијата.

СК Хиникс објави приходи во вториот квартал од 55,5 милијарди долари, што е зголемување од 257% во однос на истиот период минатата година, додека оперативната добивка се зголемила за 557% на 42,4 милијарди долари. Нејзината оперативна маржа достигнала 76%, во споредба со 41% претходната година.

Компанијата започнала со масовни испораки на ХБM4 во текот на кварталот и соопшти дека склучила долгорочни договори за снабдување со околу 10 клиенти.

Приходите на Тајван Семикондуктор Мануфактроинг (Taiwan Semiconductor Manufacturing Co.’s)“ се зголемиле за 67,9% во однос на истиот период минатата година во јуни, на 13,6 милијарди долари. Приходите за првите шест месеци од 2026 година се зголемиле за 35,6% на 73,9 милијарди долари.

Колку трошат технолошките компании за вештачка интелигенција?

Мајкрософт објави квартални приходи од 90 милијарди долари, што е зголемување од 18% во однос на претходната година. Приходите од Aзуре и другите услуги во облак се зголемиле за 43%, додека вкупните приходи од Мајкрософт Клауд се зголемиле за 27% на 59,3 милијарди долари.

Годишните приходи на Aзуре за прв пат надминле 100 милијарди долари, а преостанатите комерцијални обврски за извршување на Мајкрософт, мерка за договорени идни приходи, се зголемиле за 84% на 678 милијарди долари.

Облак единицата AВС на Aмазон (AWS cloud unit) генерирал продажба од 42,2 милијарди долари во вториот квартал, што е зголемување од 37%, што е нејзин најбрз раст во 18 квартали. Оперативната добивка на АВС се зголеми за 64% на 16,6 милијарди долари.

Амазон соопшти дека нејзините купувања на имот и опрема во изминатите 12 месеци се зголемиле за 66,1 милијарди долари, главно поради инвестициите во вештачка интелигенција. 

Зголемувањето го потурнало преостанатиот слободен паричен тек од приливот од 18,2 милијарди долари претходната година кон одлив од 7,6 милијарди долари.

Алфабет потроши 44,9 милијарди долари за капитални расходи во текот на вториот квартал, при што поголемиот дел од парите биле насочени кон сервери, центри за податоци и мрежна опрема.

Приходите од Гугл Клауд  се зголемиле за 82% на 24,8 милијарди долари, додека профитот од облакот се зголемил повеќе од трипати на 8,8 милијарди долари. 

Резервите на Алфабет од проектите во облак достигнале 514 милијарди долари, што е зголемување за повеќе од 50 милијарди долари во однос на претходниот квартал.

Капиталните расходи на Мета во вториот квартал достигнале 31,08 милијарди долари, во споредба со 17,01 милијарди долари претходната година.

Компанијата ја зголеми долната граница од својата прогноза за капитални трошоци за 2026 година и сега очекува расходи од 130 милијарди до 145 милијарди долари.

Приходите на Мета се зголемиле за 28% на 60,8 милијарди долари, но оперативниот приход се намалил за 8%, а слободниот паричен тек паднал на 784 милиони долари, бидејќи трошоците се зголемиле.

Што покажуваат цените на меморијата?

Цените на договорите за Конвенционална динамичка меморија со случаен пристап (ДРАМ) се зголемиле за околу 58% до 63% на квартал во вториот квартал, додека цените на НАНД флеш меморијата се зголемиле за 70% до 75%, според ТрендФорс.

За третиот квартал, се предвидува дека цените на конвенционалните ДРАМ мемории ќе пораснат за дополнителни 13% до 18%, додека цените на НАНД се очекува да се зголемат за 10% до 15%.

ТрендФорс вели дека растот на цените почнува да се ублажува бидејќи повисоките трошоци за меморија достигнуваат граници на прифатливост за производителите на персонални компјутери и паметни телефони, дури и кога побарувачката од серверите со вештачка интелигенција останува силна.

Производителите на полупроводници, исто така, продолжуваат да го прошируваат производствениот капацитет. Се предвидува дека глобалната продажба на опрема за производство на чипови ќе се зголеми за 23,2% оваа година на рекордни 165,9 милијарди долари, според индустриската асоцијација СЕМИ.

Се предвидува дека продажбата на опрема за производство на плочки ќе се зголеми за 23,1% на 143,9 милијарди долари, додека трошоците за опрема за ДРАМ се очекува да се зголемат за 39% на 38,8 милијарди долари. Се предвидува дека продажбата на НАНД опрема ќе порасне за 30,7% на 13,9 милијарди долари.

Извор: АА

Повеќе
Вучиќ најави отворање фабрика за дронови со Израелците во средината на септември
Анкара: Туристичката рамка на Грција нема правни последици за Туркије
Дизни и ТикТок потпишаа глобален договор за споделување содржини за видеа на креаторите
Војна што никогаш не завршува: Палестинците го чекаат денот кога Израел ќе го почитува примирјето
Воскресение на изгубеното турско лале: Како домар повторно ја напиша ботаничката историја
Што се крие зад акцијата на САД за спасување на јапонскиот јен?
Дуран: Договорот од Мека за заедничка одбрана е историски чекор
Шпанија ѝ постави ултиматум на Италија да ги укине на граничните контроли поради Сеута
Трамп инсистира дека Иран сака нуклеарен договор со САД: Тие не сакаат да бидат погодени
Израелски министри бараат обновување на офанзивата во Газа и отфрлање на планот на Трамп за примирје
Нападот врз еден е напад врз сите, велат Туркије, Саудиска Арабија и Пакистан во одбранбениот пакт
Турската компанија „Аселсан“ тестира муниција за разбивање бункери „Толун-П“ со дрон „Акинџи“
Научници за првпат употребија вештачка интелигенција за создавање нови вируси
ЕУ започна со спроведување на проектот ИРИС 2 со речиси 350 сателити
Австралиската Викторија воведе карантин за живина поради зголемени случаи на птичји грип H5N1