| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
САД ќе гради воена база во близина на Газа вредна половина милијарда долари
Базата ќе биде дом на меѓународна работна група, која беше договорена во рамките на договорот за прекин на огнот, со цел да се надгледува спроведувањето на прекинот на огнот во енклавата
САД ќе гради воена база во близина на Газа вредна половина милијарда долари
САД ќе гради воена база во близина на Газа вредна половина милијарда долари / AP

САД планираат да изградат воена база во вредност од 500 милиони долари во Израел, во близина на границата со Газа, за да го надгледуваат спроведувањето на договорот за прекин на огнот во палестинската енклава, објавија денес израелските медиуми, јавува Анадолу.

Израелскиот весник „Једиот Ахронот“, кој се повикува на анонимни израелски официјални извори, пишува дека Вашингтон има намера да изгради голема воена база во пограничниот регион со Газа, што би претставувало „значително зголемување на американска активност во Израел“.

Изворите наведуваат дека базата ќе биде дом на меѓународна работна група, која беше договорена во рамките на договорот за прекин на огнот, со цел да се надгледува спроведувањето на прекинот на огнот во енклавата.

„Во базата ќе бидат распоредени неколку илјади американски војници“, додава весникот.

„Проектот ќе биде прво американско воено распоредување на израелска територија од големи размери, што укажува на продлабочување на американската посветеност на стабилизацијата по завршувањето на војната во Газа“, пишува „Једиот Ахронот“.

Во текот на двегодишната војна во Газа, САД веќе распоредија систем за противракетна одбрана ТХААД, кој се користеше за пресретнување на ирански ракети и беспилотни летала за време на 12-дневниот конфликт со Израел, пишува во весникот.

„Градењето американска база на израелска територија покажува колку Вашингтон е решен да биде директно вклучен во прашањето на Газа и поширокиот израелско-палестински конфликт“, изјавил еден израелски официјален претставник за дневниот весник.

Иако повеќе американски официјални претставници, меѓу кои и потпретседателот Џеј Ди Венс, претходно нагласија дека „ќе нема американски војници на терен во Газа“, моментно околу 200 американски воени лица се стационирани во Цивилно-воениот координациски центар (CMCC) во Киријат Гат, на југот на Израел, со цел да го следат прекинот на огнот.

Според израелски извори, американскиот центар наскоро ќе преземе целосна контрола врз распределбата на хуманитарната помош во Газа, заменувајќи го израелскиот механизам ЦОГАТ.

Весникот не открива точна локација за планираната база, но наведува дека се вршат истражувања на неколку можни локации.

Засега ниту САД ниту Израел не дадоа официјален коментар за овие наводи.

Договорот за прекин на огнот во Газа стапи на сила на 10 октомври, врз основа на план од 20 точки предложен од американскиот претседател Доналд Трамп.

Првата фаза од планот предвидува размена на израелски заложници за палестински затвореници, како и обнова на Газа и формирање нов управувачки механизам без учество на Хамас.

Од октомври 2023 година досега во израелската војна убиени се повеќе од 69.000 Палестинци во Газа, а над 170.600 се повредени, покажуваат податоците на Министерството за здравство на Газа.

Повеќе
Зошто Туркије кривично го гони Нетанјаху и зошто е важен случајот
Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на 6.509
Марк Рафало го отфрли обвинувањето на Парамаунт за антисемитизам поради критиките за Оракл и Израел
Туркије и Катар се стремат кон 5 милијарди долари билатерална трговија
Израел убил над 21.500 деца од почетокот на војната во Газа
САД ја отстранија Сирија од листата на држави спонзори на тероризмот
Зеленски: Војната во Украина мора да е доволно болна за да се поттикне Русија на мировни преговори
Трамп: Иран е во целосен распад
Грција планира база за беспилотни летала на Родос
Зеленски: Украина сака мир, но нема да ѝ попушти на Русија по секоја цена
Туркије одбележува годишнина од прекуграничната воена антитерористичка операција против ДЕАШ
Одложено судењето за злоупотреби во АД „Државна лотарија“
Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот
САД ги откажуваат заедничките поморски вежби со Јужна Кореја
Туркије ја зајакнува трговската интеграција со исламските земји