| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Иранската парламентарна комисија го одобри планот за наплата на такси во Ормускиот Теснец
Според новинската агенција Фарс, членот на комисијата Моџтаба Зареи изјави дека предлог-законот вклучува и ограничувања со кои им се забранува премин низ tеснецот на бродови поврзани со САД и Израел
Иранската парламентарна комисија го одобри планот за наплата на такси во Ормускиот Теснец
Предлогот вклучува и одредби со кои од бродовите ќе се бара да плаќаат транзитни такси во иранската национална валута- ријал / Reuters

Комисија на иранскиот Парламент го одобри планот за наплата на такси за бродовите што минуваат низ Ормускиот Теснец, јавија денес локалните медиуми.

Мерката, одобрена од Комисијата за национална безбедност, предвидува серија нови регулативи за управување со овој стратегиски воден пат, вклучувајќи и финансиски одредби со кои од бродовите ќе се бара да плаќаат транзитни такси во иранската национална валута – ријал.

Според новинската агенција „Фарс“, членот на комисијата Моџтаба Зареи изјави дека предлог-законот вклучува и ограничувања со кои им се забранува премин низ Теснецот на бродови поврзани со САД и Израел.

Дополнителните одредби предвидуваат забрана за пристап за земјите кои се приклучиле кон едностраните санкции против Иран.

За предлог-законот да стане закон, тој мора да помине на гласање во полн состав на Парламентот, по што треба да биде разгледан од Советот на чувари и потпишан од претседателот.

Регионалните ескалации продолжуваат да се разгоруваат откако Израел и САД започнаа заедничка офанзива против Иран на 28 февруари, во која загинаа повеќе од 1.340 луѓе, вклучувајќи го и тогашниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Иран и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени бази, предизвикувајќи жртви и штета на инфраструктурата, истовремено нарушувајќи ги глобалните пазари и авиосообраќајот.

Повеќе
САД може да останат без ракети ако избувне уште една војна
Израел потврди дека на московскиот аеродром се приведени околу 40 негови државјани
НАСА ќе соработува во истрагата за смртта и исчезнувањето на американски научници
Белгија започнува четиригодишен план за зајакнување на подготвеноста на граѓаните за вонредни состојби
Над 1.000 уметници повикуваат на бојкот на Евровизија поради учеството на Израел
Медиуми: Потпретседателот на САД се упатува кон Исламабад на разговори за Иран
Иран ја осуди заплената на товарен брод во Оманскиот Залив од САД
Десетици американски воени ветерани кои протестираа против војната во Иран уапсени на Капитол Хил
Трамп вели дека преговорите со Иран ќе бидат завршени „и сите ќе бидат среќни“
Туркије достави 360 тони помош за раселените цивили во Либан по израелските напади
Четворица Палестинци убиени во израелски напади во појасот Газа
Русија испрати 27 тони хуманитарна помош за Либан
Двајца убиени и петмина ранети тинејџери во претсрелка во Северна Каролина
Иран отфрла разговори под закана од САД
Израелски војник со чекан уништил статуа на Исус во  јужен Либан, Нетанјаху го осуди инцидентот
Иран нападна американски бродови како одмазда за запленувањето на товарен брод
Во главниот град на Нов Зеланд прогласена вонредна состојба по поплавите предизвикани од дожд
Израелската армија ги предупреди жителите на Јужен Либан да ги избегнуваат пограничните области
ММФ ги продолжува односите со Венецуела по повеќе од 6 години суспензија
Директорот на американската ИЦЕ се повлекува, ќе ја напушти агенцијата на крајот на мај