Седум сириски војници загинале по напад со дрон на ЈПГ врз складиште за оружје во Хасака

Армиските единици откриле работилница за производство на импровизирани експлозивни направи и муниција за дронови во близина на граничниот премин Ал Јарубија во селата Хасак, по што биле напднати со дрон на терористичката група

By
Оперативната команда на армијата го опиша инцидентот како „опасна ескалација“ и „јасно кршење“ на прекинот на огнот / AP

Седум сириски војници биле убиени, а 20 други ранети во напад со беспилотно летало од страна на терористичката група ЈПГ/СДФ, насочен кон складиште за муниција во североисточната покраина Хасака, соопшти Министерството за одбрана.

Сириската арапска новинска агенција (САНА), повикувајќи се на Одделот за медиуми и комуникации на министерството во среда, соопшти дека армиските единици откриле работилница за производство на импровизирани експлозивни направи и муниција за дронови во близина на граничниот премин Ал Јарубија во селата Хасака.

Објектот, соопшти министерството, содржел неколку дронови произведени во Иран, кои ЈПГ се подготвувале да ги вооружат.

Откако војниците почнале да го обезбедуваат и чистат местото, ЈПГ го нападнале со беспилотно летало, при што загинале седум војници и биле повредени уште 20 други, додаде Министерството.

Во посебна изјава, Оперативната команда на армијата го опиша инцидентот како „опасна ескалација“ и „јасно кршење“ на прекинот на огнот, велејќи дека ЈПГ продолжува со нападите врз Сиријците и нивната армија и ги игнорира сите претходни договори, според новинската агенција.

Нападот се случи откако сириското претседателство во вторникот соопшти дека е постигнато „заемно разбирање“ со групата ЈПГ/СДФ во врска со иднината на покраината Хасака.

Министерството за одбрана, исто така, објави четиридневен прекин на огнот со ЈПГ/СДФ, кој стапи на сила во вторник во 17:00 часот по Гринич.

ЈПГ е сириски огранок на ПКК, која е признаена како терористичка организација од Туркије, САД, Велика Британија и ЕУ.