Брзиот железнички сообраќај на шпанската линија Мадрид - Андалузија беше прекинат во двата правци откако утрово се судрија два воза, објави РТВЕ.
„Брз воз удри одзади во друг што се движеше кон југ; двата сообраќаа кон Андалузија“, изјавија извори од операторот на железничката инфраструктура Адиф.
ПРЕПОРАЧАНО
Несреќата се случила утрово во Општина Толедо.
Причината за судирот не е позната, како и тоа дали има повредени до времето на објавувањето на веста.





















