| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Макрон: Иран и САД самите да го отворат Ормуз, Франција нема да учествува во никакви мисии
Макрон, во изјава пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница во Ереван, ја отфрли можноста за какво било учество на Франција во Проектот за слобода, што синоќа го најави Трамп, за враќање на слободата на пловидба во Ормускиот теснец
Макрон: Иран и САД самите да го отворат Ормуз, Франција нема да учествува во никакви мисии
Нема да учествуваме во никакви насилни операции, особено затоа што рамката за ова не ни е јасна, рече Макрон / Reuters

Францускиот претседател Емануел Макрон денес ги повика Иран и Соединетите Американски Држави заеднички да го отворат Ормускиот теснец, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека морнарицата на САД ќе ги извлече блокираните бродови, но без француско учество.

Макрон, во изјава пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во Ереван, ја отфрли можноста за какво било учество на Франција во Проектот за слобода, што синоќа го најави Трамп, за враќање на слободата на пловидба во Ормускиот теснец.

„Нема да учествуваме во никакви насилни операции, особено затоа што рамката за ова не ни е јасна“, рече Макрон.

Осврнувајќи се на ситуацијата на Блискиот Исток, тој исто така оцени дека е клучно да се почитува примирјето меѓу Израел и Либан.

„Тоа е обврска што ја презедоа страните и го кажувам ова заради суверенитетот, независноста на Либан и заштитата на цивилното население“, рече Макрон.

Минатата недела, пак, беше формирана меѓународна коалиција од десет европски држави, предводена од Франција и Обединетото Кралство за неутрално поморско распоредување во теснецот по завршувањето на борбите.

„Военото планирање се одржа во Лондон, но пред сè сакаме координирано повторно отворање на теснецот меѓу Иран и САД. Тоа е единственото решение што овозможува отворање на Ормускиот теснец на долг рок, обезбедувајќи слободна пловидба без ограничувања и без наплата на такси“, изјави францускиот претседател/

Повеќе
Иран предупреди дека ќе ги нападне американските сили ако се обидат да влезат во Ормускиот теснец
Три лица починале во епидемија на хантавирус на крузер на Атлантикот
Кубанскиот претседател вели дека САД бараат изговор за воена интервенција
Највисоките европски лидери се состануваат во Ерменија за клучен самит на политичката заедница
Иран го добил и го разгледува одговорот на САД на мировниот мпредлогот од 14 точки
Трамп: Предлогот на Иран е неприфатлив, Израел не би постоел без мене и Нетанјаху
Зеленски: Украина е подготвена за следната рунда преговори во трилатерален формат
Израелски снајперски куршум погоди палестинската невеста во Газа, неколку дена пред свадбата
САД го почнуваат Проектот Слобода за придружба на неутрални бродови од Ормускиот теснец
Ердоган разговараше со ирачкиот мандатар за премиер Ал-Заиди
Како противењето на Ватикан ја менува глобалната динамика на војната во Иран
Обликот на водата: Што ја прави Мугла во Туркије вредна за патување?
Новата израелска партија ветува промени, но нема намалување на жестокоста против Палестинците
Дали војната меѓу САД и Иран ги доближува Москва и Техеран до воен сојуз?
„Никогаш не помислив дека ќе го видам овој ден“: Во Сирија првото судење на тираните од ерата на Аса