| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Спортски парк отворен на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје
Балканскиот спортски парк е изграден во соработка со Унијата на општини од турскиот свет (TDBB), Град Коња и Општина Селчуклу
Спортски парк отворен на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје
Спортски парк отворен на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје / AA
17 ноември 2025

На Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопјe се одржа церемонијата на отворање на Балканскиот спортски парк, јавува Анадолу Балканскиот спортски парк е изграден во соработка со Унијата на општини од турскиот свет (TDBB), Град Коња и Општина Селчуклу.

На церемонијата, што се одржа во кампусот на ИБУ, присуствуваа амбасадорот на Туркије во Скопјe, Фатих Улусој, раководители на ИБУ, членови на академскиот кадар и студенти.

Ректорот на ИБУ, проф. д-р Љутфи Сунар, во својот говор нагласи дека универзитет не може да се замисли без спортски простор и дека е важно студентите да бидат активни во секојдневниот живот.

Изразувајќи надеж дека студентите ќе ја искористат оваа можност, Сунар рече: „Им благодариме многу на Град Коња и Општина Селчуклу. Овој центар е изграден со нивна финансиска поддршка. Без оваа поддршка, веројатно ќе беше невозможно да се изгради“.

Тој додаде дека во наредните денови ќе бидат организирани разни активности во овој простор.

Во рамките на активноста беа одржани турнири во повеќе спортски дисциплини.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Израелските сили ја заострија опсадата на Западниот Брег, упаднаа во Калкилија
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Израелски резервен офицер се самоуби откако беше вмешан во геноцидот во Газа
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Германската опозиција ја критикува планираната посетата на канцеларот во Израел
Путин пречекан на претседателската церемонија пред самитот Индија-Русија
Њујорк тајмс го тужи Пентагон дека ја ограничува слободата на изразување
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
ТРТ го напушти состанокот на ЕБУ, членовите се судрија околу учеството на Израел на Евровизија
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата
Турскиот извоз на одбранбената и авијациската индустрија достигна рекордни 7,4 милијарди долари
Николовски во Брисел: Процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ е политички
Европската комисија ја одобри реформската агенда на Босна и Херцеговина