| Macedonian
КУЛТУРА
4 МИН ЧИТАЊЕ
Сите „зошто“ и „затоа“ на кивањето
Некој ќе рече дека за време на кивањето срцето прескокнало едно отчукување или за момент престанало да чука, но дали е навистина така?
Сите „зошто“ и „затоа“ на кивањето
Сите „зошто“ и „затоа“ на кивањето     Фото: АА / AA

Кивањето, познато и како стернутација, е брзо и неволно исфрлање на воздухот од белите дробови преку носот и устата. Кога вдишуваме пред кивање, притисокот во градите се зголемува. Потоа, кога издишуваме за време на кивањето, притисокот паѓа. Ова предизвикува минлива промена на отчукувањата на срцето, што брзо се коригира.

Некој ќе рече дека срцето прескокнало едно отчукување или за момент престанало да чука, но не е така. Електричните сигнали кои го контролираат пулсирањето на срцето не се засегнати од физиолошките промени што се случуваат при кивање.

Но, отчукувањето на срцето може да задоцни за секунда пред да продолжи со својот вообичаен ритам.

Кивањето помага да се ослободи телото од иританти на дишните патишта, како што се поленот и прашината, а потиснувањето на кивавицата, со задржување на здивот или стискање на носот, може да биде лошо за здравјето.

Иако сите некогаш искусиле кивање, не сите ги знаат одговорите на прашањата кои следуваат во продолжение.

Зошто киваме кога гледаме во силна светлина?

Оваа појава се нарекува рефлекс на фотична кивавица и ја има 17-35% од населението. Нејзината точна причина не е позната, но откриено е дека се јавува во одредени семејства.

Една теорија е дека фотичните кивачи се невообичаено чувствителни на светлина. Иритацијата предизвикана од излегувањето од темнината во светлина или зјапањето кон Сонцето предизвикува слична реакција на онаа од поленот, што доведува до рефлекс на кивање.

Зошто кубењето на веѓите предизвикува кивање?

Гранката на тригеминалниот нерв се протега околу окото и надолу до носот. Обичното кивање се активира со сензорни сигнали испратени од носот долж тригеминалниот нерв. Но, болката при кубење може да предизвика лажен сигнал за кивање во блиските нервни завршетоци.

Зошто не киваме додека спиеме?

Дури и ако некој инсект ни се вовлече низ носот, веројатно нема да кивнеме додека сонуваме. За време на РЕМ спиењето (фазата во која се случуваат соништата), мускулите се парализирани односно оневозможени се сите рефлексни мускулни контракции, така што не можеме да киваме додека сонуваме.

Во не-РЕМ спиењето, мускулите се слободни да се движат повторно, но тригеминалните моторни неврони одговорни за активирање на кивавицата сè уште се потиснати. Постои минимална можност да кивнете за време на овој не-РЕМ сон, но тоа сигурно ќе ве разбуди.

Зошто не киваме под вода?

Не е дека е невозможно само е малку веројатно. Прашината, алергените и силната сончева светлина - трите работи што вообичаено предизвикуваат кивање - под вода ги нема па оттука нема што да предизвика кивавица.

Зошто викаме „апчиха“ кога киваме?

„Апчиха“, или „апчу“ во Полска или „хакушо“ во Јапонија и „хатчи“ во Германија се називи на звукот што се слуша кога киваме. Кивавицата започнува со ненадејно вдишување. Ова е делот „Ааа“ од кивањето. „Чу!“ се јавува при издишување затоа што повеќето мускули во телото рефлексно се собираат.

Устата е вкочанета додека притисокот во белите дробови не се зголеми премногу и воздухот не излезе во рафал. Со оглед на тоа што јазикот го притиска сводот во устата, воздухот се испушта со звук „ч“, а низ стиснатите усни излегува како „оо“.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Ердоган: Анкара ќе добие глобална дипломатска важност со самитите на НАТО и туркиските држави
ЕУ најостро ги осуди изјавите на Бен Гвир дека „Либан треба да гори“
Рама се сретна со Макрон во Париз: Франција ја поддржува Албанија во ЕУ
Пезешкијан предупреди против пораките кои може да поттикнат поделби во Иран