| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Како се штитат експонатите од пожари без да се натопат?
Хемиските агенси од новата генерација ја „таргетираат“ топлината, односно предизвикуваат инстантно ладење што спречува пожарот да се шири.
Како се штитат експонатите од пожари без да се натопат?
Како се штитат експонатите од пожари без да се натопат?     Фото: АА / AA

Можете ли да замислите пожар во галерија, музеј или библиотека со уникатни предмети. Се активираат прскалките или противпожарните апарати со пена. Пожарот се стишува, но последиците врз реткото наследство се огромни, потопени страници, размачкано мастило, уништено платно…Но, напредната хемија наоѓа решенија за спречување пожари без трајни последици.

Личи на вода, но не натопува. Гаси пожар, но не ги навлажнува предметите. Софистицираните системи за заштита од пожар во елитните музеи и библиотеки се базирани на хемиски течности кои имаат една цел, да спречат ширење на оган и притоа да ги заштитат целосно експонатите од штети.

Ја штитат уметноста, но и природата

Хемиските агенси се во течна агрегатна состојба, но штом се „ослободат“ стануваат гас или пареа или потоа екстремно брзо се „сушат“. Ширењето на пожарот го сопираат преку отстранување на топлината. За да се шири огнот потребен му е кислород, гориво, верижна реакција и топлина. Конвенционалните системи вообичаено го таргетираат кислородот.

Но, наглото „сузбивање“ на кислородот може да биде опасно за посетителите и вработените на музеите и библиотеките. Така, хемиските агенси од новата генерација ја „таргетираат“ топлината, односно предизвикуваат инстантно ладење што спречува пожарот да се шири.

Освен што се добри за заштита на експонати, се карактеризираат и со еколошки својства. Не оставаат последици врз здравјето на луѓето, ниту придонесуваат во загадувањето на природата и немаат стакленички ефекти како други хемиски создадени гасови од претходните генерации.

Нема да ги видите во вашата локална библиотека

Џиновската лигња во природонаучниот музеј Смитсонијан е најголемиот експонат во светот кој е заштитен од хемиски агенс за ладење и спречување пожари. Наместо прскалки или употреба на ПП апарати, ова џиновско суштество уловено во морските води на Шпанија се штити со така наречената „инженерска течност“.

Тоа им овозможува на посетителите да ја видат речиси совршено сочуваната џиновска лигња како од новелите на Жил Верн. Експонатот се штити со состојката хидрофлуороетер (ХФЕ), која овозможува идеална видливост на експонатот, не ја уништува органската материја и е незапаллива.

Но, овие состојки не се така лесно достапни бидејќи нивните патенти се заштитени од неколку големи производители кои се светски индустриски гиганти. На отворениот пазар се продаваат по цена од 100 до 300 евра за литар, а многу често производителите донираат количини за најпознатите музеи како Смитсонијан за специјални поставки.

Од друга страна пак, вредноста на стари записи, уникатни книги и изданија, како и вредни музејски експонати е непроценлива, па вложувањето во добар систем на заштита на културното и историското наследство е секогаш оправдано.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Туркије и Словенија ја потврдуваат посветеноста кон зајакнувањето на билатералните односи
Алиу: Со програмата „EУ за здравје“ добивме пристап до 4,4 милијарди евра од фондовите за здравство
Над 2 милиони луѓе се евакуираат откако два тајфуни ѝ се закануваат на Јапонија со обилни дождови
Смртните случаи од давење поврзани со топлотниот бран се искачија на 55 во Франција
Сè повеќе млади Турци посетуваат библиотеки- што го поттикнува овој пораст на интерес?
Хезболах ги отфрла преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје