| Macedonian
КУЛТУРА
4 МИН ЧИТАЊЕ
Дали менувањето гени ќе создаде „дизајнерски бебиња“?
Освен медицинските дилеми и опасности тука е и проблемот на контроверзната евгеника, квази наука која се базира на расизам односно фаворизирање на одредени расни карактеристики за идните генерации на сметка на други.
Дали менувањето гени ќе создаде „дизајнерски бебиња“?
Дали менувањето гени ќе создаде „дизајнерски бебиња“?     Фото: АА / AA

Избор на пол, боја на очи, коса, висина, физичка сила, врвна интелигенција, гени од каталог за идните родители. Таканаречените „дизајнерски бебиња“ се генетски манипулирани ембриони по желба на родителите кои може да се одлучат за физичкиот изглед, но и за многу други генетски „засилувања“ кои може да имаат несогледливи последици.

Но, овој концепт колку и да звучи како веќе видено сценарио во научно-фантастичните филмови, се поверојатно е дека ќе станат реалност.

Етиката на менувањето човечки гени е многу дискутабилна. Штом една единка почне да се размножува, потоа истите гени ќе се прошират во популацијата. Освен медицинските дилеми и опасности тука е и проблемот на контроверзната евгеника, квази наука која се базира на расизам односно фаворизирање на одредени расни карактеристики за идните генерации на сметка на други.

Во август 2021 година Светската здравствена организација (СЗО) упати препораки да се стопираат сите истражувања кои ќе овозможат раѓање деца со изменети гени.

Како се менуваат човечките гени?

Техниката КРИСПР е најзаслужна за неславните експерименти со менување на човечката ДНК при ин витро оплодувањето. КРИСПР инаку е модерна иновација која треба да ги таргетира поединечните заразени и болни клетки, но не и да се користи за дизајнирање на гените по порачка.

Од една страна, според најдобрите замисли, со КРИСПР ќе се елиминираат однапред сите гени кои предизвикуваат карцином, или одредени гени би се измениле за да станат имуни на заразни, наследни и автоимуни болести.

Со КРИСПР може да се идентификува ДНК на многу болести и истата да се „избрише“ од организмот, што ќе доведе до блескави резултати во медицината и искоренување на многу заболувања.

Но, употребата во генетиката на луѓето, креирањето „совршени“ битија по нарачка на брачни парови, па дури и на истражувачки центри може да создаде неповратна ситуација на вештачка промена на еволутивниот пат на луѓето.

Што тргна наопаку?

Кинескиот научник Хе Џинакуи во 2018 година ги промени гените на ембрионите на две близначки. Преку вештачко оплодување родителите прифатиле да бидат дел од процедурата. Џинакуи преку генетски инженеринг ги отстранил гените кои се однесуваат на ХИВ, колера и мали сипаници.

Но, „еволуцијата“ на Џинакуи не траеше долго. По силниот притисок на меѓународната научна заедница тој беше уапсен од кинеските власти и изминатите три години ги помина во затвор. Се тврди дека тој во една фаза размислувал за отворање на „дизајнерски клиники“, каде би се креирале ГМО ембриони по нарачка.

Идентитетот на децата родени со изменети гени е строго чувана тајна иако научниците бараа пристап за да можат подобро да ги заштитат и да ги опсервираат за можни трајни последици по здравјето и животот.

Засега најлиберални услови за промена на генетиката има во Велика Британија со дозвола од највисокото тело за етика на земјата, ако се користи за заштита на здравјето на бебето.

„Советот за биоетика на Нуфилд рече дека промената на ДНК на човечки ембрион може да биде „морално дозволена“ доколку тоа е во интерес на идното дете и не влијае на различните нееднаквости кои веќе го делат општеството“, пренесува Гардијан.

Токму заканата за нееднакви можности на различните слоеви на општеството е уште една причина за забрана за „ГМО“ интервенции во човечката ДНК. Но, тоа барем засега нема да ја успори науката за менување на гените.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Среде геноцидната војна на Израел, палестинските сестри градат надеж од урнатините на Газа
Под блокада на гориво: Колку долго кубанската влада може да преживее економски притисоци?
Израелската армија ги предупредува жителите на три либански градови да се евакуираат
Иран: Испалилени предупредувачки истрели кон американски разорувачи во Оманското Море
Русија и Украина разменија 185 воени заробеници со посредство на ОАЕ
Мерц во историска посета на Црна Гора на самитот во Тиват
Мицкоски: Процесот на проширување на ЕУ е жив, но нема да го жртвуваме националното достоинство
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Германската крајнодесничарска AфД во Москва побара оживување на гасоводот Северен тек
Фидан во Бангладеш: Туркије се залага за трајно решение за прогонетите Рохинџи
Врховниот лидер на Иран одобри помилување за над 2.000 осуденици
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Германскиот канцелар Мерц во Тиват: ЕУ мора да покаже политичка волја за проширување
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК