Пекинг ја повикува Велика Британија „веднаш“ да ги укине санкциите врз кинеските субјекти
Велика Британија во среда санкционираше руски и кинески субјекти за да го интензивира притисокот врз Кремљ поради војната во Украина
Кина поднесе „строги изјави“ до Велика Британија откако таа објави санкции против 11 кинески субјекти за поддршка на рускиот енергетски сектор и снабдување со опрема критична за одбранбениот сектор на Москва, објавија државните медиуми во четврток.
„Кина цврсто се спротивставува на овие санкции“, изјави портпаролот на кинеската амбасада во Велика Британија во среда, повикувајќи го Лондон „веднаш“ да ги укине санкциите.
Велика Британија во среда санкционираше руски и кинески субјекти, бидејќи Лондон се обидува да го интензивира притисокот врз Кремљ поради војната во Украина.
Шефицата на британското Министерство за финансии, Рејчел Ривс, во среда изјави дека владата презема „целна“ акција против компаниите во Индија и Кина кои продолжуваат да го олеснуваат протокот на руска нафта на глобалните пазари.
Пекинг изјави дека санкциите на Велика Британија се еднострани акции без основа во меѓународното право.
Тие, според амбасадата, ги поткопуваат легитимните права и интереси на кинеските претпријатија.
„Во врска со украинската криза, Кина застана на објективен и непристрасен став, остана посветена на промовирање на мировни преговори и строго го регулираше извозот на производи со двојна употреба во согласност со законите и прописите“, додаде портпаролот.
Нормалната размена и соработка меѓу кинеските и руските претпријатија не треба да бидат попречени или засегнати, соопшти амбасадата, додавајќи дека Пекинг „цврсто отфрла каков било обид за префрлање на вината или оцрнување“.
„Ја повикуваме Велика Британија веднаш да ги исправи своите прекршоци и да ги повлече санкциите против релевантните кинески субјекти. Секоја акција што им штети на интересите на Кина ќе биде дочекана со цврст одговор“, рече портпаролот.
*Автор: Амир Латиф