| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
„Емирати“ и „Етихад“ ги активираат дел од авиолиниите
Двете авиокомпании привремено ги прекинаа своите операции по ескалацијата на тензиите во регионот, по заедничките напади на САД и Израел врз Иранкако и одговорот на Иран насочен кон Израел и земјите од Заливот
„Емирати“ и „Етихад“ ги активираат дел од авиолиниите
„Емирати“ и „Етихад“ ги активираат дел од авиолиниите / Reuters
6 март 2026

Авиокомпаниите од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) „Емирати“ и „Етихад ервејс“ денес објавија дека повторно воспоставуваат ограничени летови од нивните главни бази, по постепеното отворање на воздушниот простор во регионот.

Двете авиокомпании привремено ги прекинаа своите операции по ескалацијата на тензиите во регионот, по заедничките напади на САД и Израел врз Иран минатата сабота, како и одговорот на Иран насочен кон Израел и земјите од Заливот каде што се наоѓаат американски бази.

Сепак, со повторното отворање на воздушниот простор започна процесот на нормализација на оперативните процеси.

Авиокомпанијата со седиште во Абу Даби, „Етихад ервејс“, соопшти дека ќе има ограничен распоред на летови што ќе биде на сила до 19 март.

Компанијата ќе реализира летови до околу 70 дестинации, меѓу кои и Франкфурт, Лондон и Париз.

Од друга страна, „Емирати“, со седиште во Дубаи, информираше дека летовите до 82 дестинации ќе се одвиваат до натамошно известување.

Во соопштението се нагласува дека на патниците што транзитираат низ Дубаи ќе им биде дозволено патување само доколку нивните поврзани летови се претходно потврдени.

Исто така, се забележува дека приоритет ќе имаат патниците со постојни резервации, додека оние без потврдени билети беа замолени да не доаѓаат на аеродромите. Двете компании порачаа дека внимателно ја следат безбедносната состојба и дека распоредот може да се менува во зависност од развојот на настаните.

Повеќе
Јастреби или гулаби: Кои се клучните преговарачи во разговорите меѓу Иран и САД во Исламабад?
Пет Палестинци загинале во израелските напади, ученичка во трето одделение убиена во училница
Ердоган му рече на Пезешкијан дека разговорите меѓу САД и Иран треба да обезбедат траен мир
Путин предложи Велигденско примирје, Зеленски го прифати
Почнува целосната примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
Моџтаба Хамени: Управувањето со Ормускиот Проток ќе влезе во нова фаза
Мерц: Нема да го ограничиме користењето на воените бази од страна на САД
Фидан: Да продолжи примирјето во Иран, можна е саботажа на Израел
Трамп со „ултиматум“ до европските сојузници за обезбедување на Хормускиот Проток
Иранска делегација отпатува за Пакистан на преговори со САД
ОН: Се влошува трговијата со деца при конфликтот во Јужен Судан
Русија и Украина разменија останки на загинати војници
Иран издава алтернативни транзитни правци во Ормускиот теснец поради страв од мини
Пезешкијан: Израелските напади врз Либан ќе ги направат преговорите со САД бесмислени
Турски брод за дупчење пристигна во Сомалија за прва мисија во длабоко море во странство