| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Израел продолжува со нападите врз јужен Либан со артилерија и митралески оган
Најновите напади уследија откако израелските сили вчера ги интензивираа операциите низ јужен Либан, изведувајќи воздушни напади, артилериски гранатирања и копнени упади во неколку области, меѓу кои Мансури и Мајс ал-Џабал
Израел продолжува со нападите врз јужен Либан со артилерија и митралески оган
Израел продолжи со воените операции во Либан откако на 2 март започна нова офанзива, при што неговите сили навлегоа во дополнителни области на југот

Израелските сили денес продолжија со нападите врз јужен Либан, користејќи артилерија митралески оган врз неколку области, објави либанската државна Национална новинска агенција.

Агенцијата соопшти дека израелската артилерија ги гаѓала градот Хула и Вади ал-Салуки.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Најновите напади уследија откако израелските сили вчера ги интензивираа операциите низ јужен Либан, изведувајќи воздушни напади, артилериски гранатирања и копнени упади во неколку области, меѓу кои Мансури и Мајс ал-Џабал.

Израел продолжи со воените операции во Либан откако на 2 март започна нова офанзива, при што неговите сили навлегоа во дополнителни области на југот.

На 26 јуни, Либан и Израел постигнаа рамковен договор со посредство на САД, кој предвидува постепено повлекување на израелските сили од окупираните либански територии за возврат на распоредување на либанската армија и разоружување на вооружените групи, вклучително и Хезболах.

Оттогаш продолжија преговорите под покровителство на САД за спроведување на договорот, вклучително и за израелското повлекување и распоредувањето на либанската армија, додека израелските напади врз јужен Либан продолжуваат.

Повеќе
Аксиос: САД бараат сопственички удел во венецуелската нафта
Карни го отфрли преименувањето на Онтарио во „Езеро Америка“ од страна на Трамп
Пакистанскиот премиер: Одбранбениот пакт од Мека испрати порака за единство и мир низ целиот регион
„Безбеден град“ ќе ги казнува и мотоциклистите за брзо возење
Иран вели дека враќањето на дипломатијата со САД „не е невозможно“
Четиригодишно девојче од Газа сонува повторно да оди и да си игра по ампутацијата
Ричардоне: Туркије нема особен политички интерес од поттикнување непријателство со Израел
Израел продолжува со нападите врз јужен Либан со артилерија и митралески оган
Гутереш: Солидарност со жртвите на злосторствата на Младиќ, осуда за негирањето на геноцидот
Почина норвешкиот крал Харалд V
Непал: Бројот на загинати во поплавите се искачи на 472, над 1.000 лица се водат како исчезнати
Ердоган разговараше за регионалните прашања со африканските лидери
Пезешкијан: Иран може да ги надмине болните настани со Катар и да ја продолжи соработката
Грлиќ Радман: Силите под команда на Младиќ оставија крвава трага низ Хрватска и БиХ
Трапм: Путин нема да нападне територија на НАТО