Димитриев: Има напредок во преговорите за мир во Украина
Има „напредок“ кон мировен договор за ставање крај на речиси четиригодишната руско-украинска војна, додека трилатералните консултации продолжуваат во Обединетите Арапски Емирати
Рускиот претседателски претставник Кирил Димитриев изјави дека има „напредок“ кон мировен договор за ставање крај на речиси четиригодишната руско-украинска војна, додека трилатералните консултации продолжуваат во Обединетите Арапски Емирати.
Зборувајќи со руски новинари во Абу Даби, Димитриев рече дека обидите на Европа и Велика Британија да го попречат мировниот процес меѓу Москва и Киев, посредуван од САД, се во тек.
„И колку повеќе вакви обиди се случуваат, толку повеќе гледаме дека сигурно има напредок и добро, позитивно движење напред“, рече Дмитриев.
Претходните консултации се одржаа на 23 и 24 јануари во Абу Даби, со учество на САД.
Димитриев, кој пристигна во ОАЕ за да учествува во преговорите, исто така рече дека Русија тесно соработува со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за обновување на економските односи меѓу Москва и Вашингтон.
Тој рече дека тие напори се спроведуваат во рамките на руско-американската група за економска соработка.
„И денес се сретнавме и состаноците се одвиваат позитивно“, рече Димитриев.