Победникот на Светското првенство 2026 година ќе добие рекордни 50 милиони долари

Светското првенство на ФИФА 2026 година ќе биде и пресвртница во однос на неговиот финансиски придонес кон глобалната фудбалска заедница, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино

By
На сите учесници на Светското првенство им се гарантирани најмалку 10,5 милиони американски долари за учеството на турнирот следната година / Others

Советот на ФИФА денес одобри рекордни бонуси за Светското првенство во 2026 година, што значи дека федерацијата на идниот светски шампион ќе добие дури 50 милиони американски долари.

Како што е објавено на веб-страницата на ФИФА, вкупните придонеси за учесниците на Светското првенство ќе достигнат 727 милиони долари, што претставува неверојатен пораст од 50 проценти во споредба со Мундијалот во 2022 година во Катар.

Светските шампиони ќе добијат 50 милиони долари, а поразените финалисти 33 милиони. Третото место носи 29 милиони, а четвртото 27. Поразените четвртфиналисти ќе заработат 19 милиони, а поразените во шеснаесеттото коло по 15 милиони долари.

Награда од 11 милиони евра ќе им биде доделена на сите асоцијации чиј тим ќе се пласира меѓу 32, најдобри, додека оние елиминирани по групната фаза ќе инкасираат по 9 милиони американски долари.

Советот на ФИФА, исто така, одлучи дека секоја федерација да добие 1,5 милиони долари за покривање на трошоците за подготовка. Ова значи дека на сите учесници на Светското првенство им се гарантирани најмалку 10,5 милиони американски долари за учество на турнирот следната година.

„Светското првенство на ФИФА 2026 година ќе биде и пресвртница во однос на неговиот финансиски придонес кон глобалната фудбалска заедница“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.