| Macedonian
ЕУ го казни Тему со 200 милиони евра за кршење на Законот за дигитални услуги
Според Европсксата комисија, голем број тестирани полначи не ги поминале основните безбедносни проверки, додека некои детски играчки содржеле хемикалии над дозволените граници или претставувале опасност од задушување поради мали делови
ЕУ го казни Тему со 200 милиони евра за кршење на Законот за дигитални услуги
Според ЕУ, системот за промоција и маркетинг што го користи Тему дополнително го зголемува ризикот од ширење на нелегални производи / Reuters

Европската комисија денес ја казни кинеската платформа Тему со 200 милиони евра за кршење на Европскиот закон за дигитални услуги (ДСA), наведувајќи дека компанијата не ја контролирала доволно безбедноста и легалноста на производите што се продаваат преку платформата.

Европската комисија објави дека постои голема веројатност потрошувачите во Европската Унија да наидат на нелегални или небезбедни производи на платформата Тему.

Брисел особено ја критикува компанијата за начинот на кој ги проценува ризиците и ја контролира понудата на производи на платформата.

Според Комисијата, Тему користи општи упатства за електронска трговија наместо детална проценка на ризикот специфична за сопствената платформа.

Европските власти, исто така, изјавија дека системот за промоција и маркетинг што го користи Тему дополнително го зголемува ризикот од ширење на нелегални производи.

Истрагата откри сериозни безбедносни проблеми со одредени производи што се продаваат преку платформата.

Голем број тестирани полначи не ги поминале основните безбедносни проверки, додека некои детски играчки содржеле хемикалии над дозволените граници или претставувале опасност од задушување поради мали делови.

Тему има рок до 28 август да презентира план на мерки за корекција на забележаните пропусти.

Доколку Европската комисија го прифати планот, на компанијата ќе ѝ биде даден дополнителен рок за спроведување на промените, додека во спротивно ќе се соочи со дополнителни казни, според веб-страницата на Европската комисија.

Повеќе
Рутe: НАТО е солидарнa со Романија, ќе браниме секој сантиметар од териториjaта на членките
Песков: Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина, не може да биде посредник
Фон дер Лајен и Калас со осуди за Русија по инцидентот во кој дрон погоди зграда во Романија
Нетанјаху се фали со окупација на 60% од Газа, наредувајќи проширување додека трае примирјето
ОН известуваат за најголем интензитет на израелски напади во Либан од априлскиот прекин на оган
Романија го повика рускиот амбасадор откако беспилотно летало се урна во станбена зграда
Дрон погоди зграда во Романија во близина на украинската граница, повредени се две лица
Белгија ќе произведува делови од борбениот авион Ф-35
Мицкоски: Наскоро ќе се гласа за Законот за правична застапеност
САД и Иран постигнаа привремен договор за прекин на огнот, се чека одобрение од Трамп
Шојгу: Нападот врз Киев може да се случи во секој момент
Германија нарача над 2.000 воени транспортни возила од „Рајнметал“
Шведска ќе издвои 2,7 милијарди долари воена помош за Украина
Сиљановска-Давкова: „Блесок 26“ беше момент на блескање на нашата Армија
Германија и Холандија ќе го предводат НАТО на Балтичкиот фронт