Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Турскиот министер за надворешни работи во четвртокот присуствуваше и на онлајн состанок за ситуацијата во Ормускиот теснец, организиран од Обединетото Кралство
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес разговараше со германскиот колега Јохан Вадефул во врска со напорите за ставање крај на војната на Блискиот Исток.
Според турски дипломатски извори, шефовите на дипломатија на Турција и Германија одржале телефонски разговор, при што дискутирале за последните случувања во регионот, како и за билатералните односи меѓу двете земји.
Турскиот министер за надворешни работи во четвртокот присуствуваше и на онлајн состанок за ситуацијата во Ормускиот теснец, клучен воден пат на Блискиот Исток кој е блокиран со недели.
Според турски дипломатски извори, состанокот бил организиран од Обединетото Кралство.
Изворите не дадоа никакви дополнителни информации или други детали за состанокот.
Иран ја одржува контролата врз Ормускиот теснец со недели откако САД и Израел започнаа заедничка офанзива против Иран на 28 февруари, во која загинаа повеќе од 1.300 луѓе, вклучувајќи го и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.
Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, како и врз Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се стационирани американски воени единици.