| Macedonian
Кина го лансираше товарниот вселенски брод „Тианжу-10“
Лансирањето, со кое вселенското летало успешно се смести во планираната орбита, ја означи 641-та транспортна мисија извршена со употреба на ракети „Долг марш“
Кина го лансираше товарниот вселенски брод „Тианжу-10“
Кина го лансираше товарниот вселенски брод „Тианжу-10“ / Reuters

Кина го лансираше товарниот вселенски брод „Тианжу-10“ за да достави залихи до вселенска станица „Тиангонг“ што орбитира околу Земјата.

Кинеската вселенска агенција за мисии со човечки екипаж соопшти дека вселенското летало е лансирано со ракетата „Долг марш-7“ од лансирната станица Венчанг на островот Хаинан, објави новинската агенција „Синхуа“.

Лансирањето, со кое вселенското летало успешно се смести во планираната орбита, ја означи 641-та транспортна мисија извршена со употреба на ракети „Долг марш“.

Товарниот вселенски брод, кој носи основни резерви, материјали за експерименти и гориво, ќе обезбеди поддршка за снабдување на екипажот на таиконаутите што моментално е стациониран на вселенската станица.

Кинеската вселенска станица Тиангонг е опремена со ротирачки екипажи од три тајконаути. Персоналот се транспортира до станицата со вселенскиот брод Шенжоу, додека залихите се доставуваат со товарниот вселенски брод Тианжу.

Повеќе
Кубанци протестираат во Хавана поради американското обвинението против Кастро
Четворица загинаа во украински напад врз колеџ и студентски дом во Луганск, кој е под руска контрола
Шестмина загинати во израелските воздушни напади вo јужен Либан
Вучиќ: Ја разбираме визијата на Трамп, а зајакнатите односи ќе придонесат и за Европа
Русија тврди дека зазела ново населено место во Украина
Халкбанк со нова докапитализација од 40 милиони евра, силен сигнал за раст и стабилност
Во Тетово се одржа церемонија на дипломирање во училиштето на турската фондација „Маариф“
Трамп: САД ќе испратат дополнителни 5 000 војници во Полска
Помошничка на Епстин откри тројца нови соучесници во мрежата на злоупотреби
Руте: НАТО е на посилен пат и ја анамалува зависноста од еден сојузник
Германски болници цел на масовен сајбернапад
Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот
САД ја паузира продажбата на оружје на Тајван вредна 14 милијарди долари поради војната во Иран
Нападнат и запален центар за заразени од ебола во ДР Конго
Иран ги осуди санкциите на САД врз назначениот амбасадор во Либан