Научници создалe невроботи од клетки од жаби

Микроскопските испитувања покажале дека тие развиле вистински карактеристики на нервниот систем, вклучувајќи аксонални и дендритични структури, како и протеини поврзани со синапсите

By
Oвие студии помагаат да се овозможи развој на терапии за вродени нарушувања и регенеративна медицина на мозокот / AA

Научниците од Универзитетот Тафтс во масачусец и Институтот Рајс создалe биолошки „невроботи“ користејќи клетки од африканска жаба, кои покажуваат знаци на основно „однесување“ и електрична активност во мрежите на невронските клетки, според нова студија.

Авторите на студијата велат дека откритието би можело да помогне во развојот на терапии за регенеративна медицина на мозокот.

Експериментот започнал во 2020 година кога истражувачите од Универзитетот Тафтс ги создале првите „невроботи“ од клетки од жаби, способни да се движат независно, да поправаат оштетувања и да составуваат други клетки за да формираат нови структури.

Научникот од Универзитетот Тафтс, Мајкл Левин, истакна дека овие структури се „живи од самиот почеток бидејќи се направени од претходно постоечки живи клетки“.

Во следната фаза од истражувањето, научниците додале невронски клетки, што резултирало со ентитети со нови однесувања и наречени „невроботи“.

Микроскопските испитувања покажале дека тие развиле вистински карактеристики на нервниот систем, вклучувајќи аксонални и дендритични структури, како и протеини поврзани со синапсите, а снимањето ја потврди електричната активност на невронските клетки и формирањето на примитивни невронски мрежи во рамките на „невроботите“.

Додавањето на невронски клетки го променило движењето на ентитетите: невророботите пораснале повисоки, биле поактивни и покажале посложени шеми на движење во споредба со неневронските ксеноботи.

Со тестирање со супстанцијата пентилен тетразол, позната по своите ефекти врз мозочната активност, истражувачите покажале дека невронските мрежи активно влијаат врз однесувањето на овие биолошки роботи.

Главниот истражувач на Институтот Рајс, д-р Хала Футуат, додаде дека овие студии помагаат да се разбере растот и регенерацијата на клетките, овозможувајќи развој на терапии за вродени нарушувања и регенеративна медицина на мозокот. 

Д-р Футуат забележува дека невророботите покажале зголемена активност на гените поврзани со видот, вклучувајќи ги и оние за формирање на леќа и клетки на мрежницата, што укажува на можноста дека светлосните стимули можат да предизвикаат нови однесувања кај овие ентитети.