| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Одложено судењето за злоупотреби во АД „Државна лотарија“
Судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски образложи дека одлагањето е потребно за обвинетите и нивните бранители да имаат доволно време да извршат увид во доставените докази и да ја подготват одбраната и да достават листа на докази
Одложено судењето за злоупотреби во АД „Државна лотарија“
Првообвинетиот, поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами, сè уште е недостапен за органите на прогонот (Фото: Кривичен суд Скопје)

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја одложи главната расправа во предметот за наводни злоупотреби во АД „Државна лотарија“, во кој меѓу обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски образложи дека одлагањето е потребно за обвинетите и нивните бранители да имаат доволно време да извршат увид во доставените докази, да се запознаат со нивната содржина, да ја подготват одбраната и да достават листа на докази што предлагаат да бидат изведени во текот на постапката.

„Судот оцени дека обвинетите и нивните бранители треба да добијат потребно време за увид во доказите и за ефективна подготовка на одбраната, имајќи го предвид и барањето на бранителот на обвинетиот Бојан Јанев за оставен рок за подготовка, поради што главната расправа се одлага“, истакна судијката.

Наредните рочишта се закажани за 7, 11, 16, 18, 23 и 30 септември, како и на 2, 8, 9, 15, 16, 20 и 21 октомври.

Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски. Обвинителите најавија изведување на 231 материјални докази, вештачења и искази на седум сведоци.

Според обвинителниот предлог поднесен од Основното јавно обвинителство Скопје, Артан Груби и уште седум лица се товарат дека во текот на 2023 и 2024 година со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ од над 507 милиони денари.

На сите обвинети им се става на товар кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Првообвинетиот, поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами, сè уште е недостапен за органите на прогонот и се бара негов притвор по пронаоѓање, додека за Артан Груби Обвинителството бара продолжување на мерката куќен притвор.

Груби беше уапсен во февруари годинава на граничниот премин Блаце, по повеќе од 14 месеци недостапност за органите на прогонот, по што наместо ефективен притвор му беше определен куќен притвор поради безбедносни причини.

Повеќе
Зошто Туркије кривично го гони Нетанјаху и зошто е важен случајот
Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на 6.509
Марк Рафало го отфрли обвинувањето на Парамаунт за антисемитизам поради критиките за Оракл и Израел
Туркије и Катар се стремат кон 5 милијарди долари билатерална трговија
Израел убил над 21.500 деца од почетокот на војната во Газа
САД ја отстранија Сирија од листата на држави спонзори на тероризмот
Зеленски: Војната во Украина мора да е доволно болна за да се поттикне Русија на мировни преговори
Трамп: Иран е во целосен распад
Грција планира база за беспилотни летала на Родос
Зеленски: Украина сака мир, но нема да ѝ попушти на Русија по секоја цена
Туркије одбележува годишнина од прекуграничната воена антитерористичка операција против ДЕАШ
Одложено судењето за злоупотреби во АД „Државна лотарија“
Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот
САД ги откажуваат заедничките поморски вежби со Јужна Кореја
Туркије ја зајакнува трговската интеграција со исламските земји