| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина „веќе се испорачуваат“ од Германија
Трамп рече дека исплатата ќе дојде или преку НАТО или директно од земјите членки на Европската Унија (ЕУ), нагласувајќи дека „нема да треба да инвестираме повеќе. Ги добиваме нашите пари целосно назад“
Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина „веќе се испорачуваат“ од Германија
Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина „веќе се испорачуваат“ од Германија / Reuters
16 јули 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ракетните системи „Патриот“ за Украина „веќе се испорачуваат“ од Германија според договорот поддржан од НАТО, a Соединетите Американски Држави (САД) ќе бидат целосно исплатени, јавува Анадолу.

„Тие веќе се испорачуваат. Тие доаѓаат од Германија“, изјави Трамп пред новинарите по настан во Пенсилванија. „Во сите случаи, САД добиваат целосна исплата.“

Трамп рече дека исплатата ќе дојде или преку НАТО или директно од земјите членки на Европската Унија (ЕУ), нагласувајќи дека „нема да треба да инвестираме повеќе. Ги добиваме нашите пари целосно назад“.

„Ако можеме да склучиме (мировен) договор, тоа би било одлично. Заштедуваме 5.000 или 6.000 војници неделно - тоа се руски и украински војници, а не американски војници“, рече тој. „Штета е - минатата недела велат дека загинале 7.100 војници, и руски и украински.“

Трамп го објави договорот за време на состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Овалната соба во понеделникот.

„Денес постигнавме договор... Ќе им испраќаме (на Украинците) оружје, а тие ќе платат за него. САД нема да плаќаат ништо. Ние нема да го купуваме, туку ќе го произведуваме, а тие ќе плаќаат за него“, рече тој.

Руте го потврди договорот, велејќи: „САД одлучија навистина масовно да ја снабдуваат Украина со она што е потребно преку НАТО. Европејците (плаќаат) за тоа 100 %.“


Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири