| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Гувернерот Славески очекува пад на инфлацијата и раст на економијата во 2026 година
Инфлацијата ќе се движи по патека на надолно приспособување и се очекува дека ќе се сведе на 2,5 % годинава, по што постепено ќе се врати на својот историски просек од околу 2 %“, истакна гувернерот на Народната банка
Гувернерот Славески очекува пад на инфлацијата и раст на економијата во 2026 година
Славески посочи дека значителен придонес кон економската активност ќе имаат и приватните инвестиции, особено во производствениот и енергетскиот сектор / Others

Инфлацијата во земјава ќе се намалува и годинава ќе се сведе на 2,5%, а потоа постепено ќе се врати на историскиот просек од околу 2%, изјави гувернерот на Народната банка.

Славески за бизнис-магазинот „Економија и бизнис“ рече дека очекува закрепнување и на економијата во државата, за што важна улога ќе имаат јавните инвестиции во патната и железничката инфраструктура и инфраструктурните проекти на локално ниво.

„Домашната економија досега покажува релативна отпорност на светските ризици и ќе бележи солидно закрепнување и во наредниот период. Ваквите позитивни трендови се очекуваат и годинава, заедно со постепеното закрепнување на економиите на нашите најзначајни трговски партнери, како и засиленото остварување на инфраструктурните инвестиции во земјава“, рече гувернерот.

Славески посочи дека значителен придонес кон економската активност ќе имаат и приватните инвестиции, особено во производствениот и енергетскиот сектор, поттикнати од солидниот прилив на странски директни инвестиции.

„Умерениот раст на расположливиот доход на домаќинствата, заедно со стабилната кредитна активност на банките, ќе обезбеди солидна лична потрошувачка. Покрај ова, постепената стабилизација на економиите на надворешните партнери и поповолните услови на размена би довеле до закрепнување на извозот на стоки и услуги, со што ќе се зајакнат позитивните економски движења“, смета Славески.

Според него, сите овие фактори упатуваат на добри изгледи за годинава, со очекуван економски раст од околу 4 %.

„Инфлацијата ќе се движи по патека на надолно приспособување и се очекува дека ќе се сведе на 2,5 % годинава, по што постепено ќе се врати на својот историски просек од околу 2 %“, истакна гувернерот, посочувајќи дека главните фактори за ваквите очекувања се поволните движења на светските цени, закотвените инфлациски очекувања и ограничените притисоци од домашната побарувачка.

Тој смета дека натамошната стабилизација на надворешната позиција на економијата ќе обезбеди дополнителен девизен потенцијал и соодветно ниво на девизни резерви, неопходни за одржувањето на стабилноста на домашната валута.

Славески истакна дека високата светска променливост и неизвесност и понатаму постојат.

„Народната банка внимателно ќе ги следи економските остварувања со цел да ја зачува ценовната и финансиската стабилност, а воедно и за да обезбеди поддршка за одржлив економски раст во наредниот период“, рече гувернерот.

Повеќе
Демонстранти во Словенија бараат повлекување од НАТО и воведување санкции против САД и Израел
Тошковски- Уркиза: Продолжуваме да инвестираме во модерна, професионална и европска полиција
Почнува уставниот рок од 30 дена за конституирање на Собранието на Косово
Нов пожар во близина на Атина, интервенираат 40 пожарникари со 14 возила
Вучиќ: Ја разбравме пораката од ЕУ, за нас е важно да ни се зголеми животниот стандард
Сиљановска-Давкова: Принципите на еднаквост и солидарност во НАТО да се применуваат и во ЕУ
Мицкоски- Кос: Реформите напредуваат, но без уставни измени нема формален почеток на преговорите
Поднесено обвинение за стечајот на Еуростандард Банка АД
Сиљановска-Давкова пред Самитот на НАТО во Анкара: Најсилната Европа е Европа што живее во мир
Вучиќ: Земјите кандидати можат да напредуваат на европскиот пат со заедничка работа
Државна делегација предводена од претседателката Сиљановска-Давкова учествува на Самитот на НАТО
Муцунски во Доха: Со Катар ќе ја унапредуваме соработката во одбраната и безбедноста
МВР: Бројот на жртви во сообраќајни несреќи е намален за 40% со воведувањето на „Безбеден град“
Поскапуваат и дизелот и бензините
Мицкоски: Одржливоста веќе не е избор, туку предуслов за конкурентност
Армијата доби нова опрема вредна 40 милиони евра обезбедена преку Европскиот мировен фонд
Тензии на протестот пред албанското Собрание во Тирана
Калас во Сараево уште еднаш ги повика политичарите во БиХ да продолжат по европскиот пат
Минималната плата во Косово од денес се зголемува на 500 евра
Петмина повредени во напади со запаливи бомби врз домови на членови на владејачката Нова Демократија