| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Обвинителството отвори истрага и против сопственикот на агенцијата која го обезбедуваше Пулс
Агенцијата на осомничениот била ангажирана без проверка на условите за противпожарна заштита и опасност од пожари, без да извршат проверка без да извршат проверка по однос на сигурносните услови во Пулс од аспект на имот и лица, соопштија од ОЈО
Обвинителството отвори истрага и против сопственикот на агенцијата која го обезбедуваше Пулс
Осомничениот е приведен, а јавниот обвинител ќе достави предлог до судот за определување мерка притвор / Others
9 јуни 2025

Обвинителството ја прошири истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, па три месеци по трагедијата отвори истражната постапка и против сопственикот на агенцијата којашто го обезбедувала кабарето.

Од ОЈО објаснуваат дека против него се пронајдени докази дека е реален сопственик на агенцијата за обезбедување на имот и лица од Скопје.

Според обвинителството, осомничениот се товари за тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.

„Согласно доказите, тој раководел со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата, заедно со претходно осомничениот управител и со овластеното лице на подружницата во Кочани. Тие без да имаат склучено договор со корисникот на услугата Кабаре ПУЛС Кочани, во текот на 2025 година вршеле обезбедување на имот и лица за клубот“, соопшти ОЈО.

Од ОЈО велат дека новиот осомничен во континуитет активно раководел со планот и начинот за давање на услугата обезбедување преку правното лице.

„Заедно со осомничените кои биле ангажирани како обезбедување, спротивно на повеќе членови од Законот за приватно обезбедување, без каква било претходна безбедносна проценка и план за обезбедување, како и без проверка на условите за противпожарна заштита и опасност од пожари, без да извршат проверка по однос на сигурносните услови во кабарето од аспект на имот и лица, особено по опасност и можност за евакуација, во текот на вечерта кога настанал пожарот не контролирале и овозможиле влез на деца во објектот, не воделе грижа за преполнетоста на капацитетот за посетители во објектот, не спречиле внес и користење на експлозивни материи – пиротехнички средства од членовите на музичката група, со кои бил предизвикан пожарот, поради што настапила смрт кај 62 лица, со тешки телесни повреди се здобиле 157 лица, а со телесни повреди се здобиле 54 лица“, соопшти ОЈО.

Тој е приведен и за него ќе се бара притвор. Врз основа на судска наредба извршен е претрес на две локации во Скопје и во Пробиштип, како и во неговиот автомобил, при што била одземена обемна документација поврзана со агенцијата за обезбедување и електронски уреди.

Со досегашната истрага беа опфатени вкупно 46 осомничени за тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Продолжува истрагата против 14 полициски службеници, за кои сè уште се прибираат докази.

Извршени се распити на околу 400 сведоци и оштетени, а испитани се и осомничените.

Истрагата ја водат 13 обвинители од основните јавни обвинителства во Кочани, Скопје, Штип и Куманово.

Повеќе
Светските лидери се собираат во Анталија на петтиот Дипломатски форум
Христијаните го слават празникот Велигден
Вучиќ и Бабиш го поддржаа Орбан во пресрет на изборите во Унгарија
Ердоган и Макрон разговараа за американско-иранското примирје и регионалната стабилност
Во турска Испарта три генерации од семејството Сезер го претвораат дрвениот отпад во уметност
Турски хирург кој го „кроти“ времето: Поправа часовници да ги подготви вештите раце за операција
Како повторното откривање на реткиот цвет Рафлезија ја подели глобалната научна заедница
Дали примирјето меѓу САД и Иран ќе стане траен мир?
Кси порача дека Кина нема да толерира независност на Тајван
EEС системот го блокираше влезот во Хрватска, патниците чекаат со часови
Пример за солидарност: Црква во Либан ги отвори вратите за раселените муслимани
Јапонија бара алтернативни енергетски рути во ек на неизвесноста околу Ормускиот Теснец
Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан, кој вели дека опозицијата ќе ги дестабилира изборите
Авиокомпаниите ги зголемуваат цените на билетите и ги намалуваат летовите поради зголемените трошоци
Претседателот на Либан: Единственото решение е прекин на огнот што води кон разговори со Израел