| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Началникот на германската армија во Скопје: Зајакнување на европскиот столб на НАТО преку единство
Началникот на Вооружените сили на Германија, генерал Карстен Бројер за време на официјална посета оствари средби со началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, како и со премиерот Мицкоски и претседателката Силјановска Давкова
Началникот на германската армија во Скопје: Зајакнување на европскиот столб на НАТО преку единство
На средбата меѓу двајцата генерали е потврдена долгогодишната соработка меѓу двете армии (Фото: Армија на РСМ)

Делегација на Вооружените сили на Сојузна Република Германија, предводена од началникот на Вооружените сили, генерал Карстен Бројер, престојува во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија.

По приемот со високи воени почести, германската делегација во Генералштабот на Армијата оствари средба со началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Како што е соопштено од Армијата на РСМ, на средбата е потврдена долгогодишната соработка меѓу двете армии, која се реализира преку заеднички обуки, воени вежби, развој на способности и други форми на билатерална воена соработка.

Во рамките на официјалните разговори, дискутирано е за актуелната регионална и глобална безбедносна состојба, безбедносните предизвици во зоната на операции на Алијансата, регионалните планови на НАТО за Југоисточна Европа, учеството во меѓународни мисии и операции, како и за процесот на модернизација и опремување на Армијата.

На германската делегација презентирани ѝ се капацитетите на армискиот полигон „Криволак“, еден од најзначајните полигони за обука во Југоисточна Европа.

„На денешните разговори ја потврдивме нашата заедничка определба дека ние, сојузниците, сме обединети околу нашата примарна мисија- заштита на секоја педа од територијата на НАТО“, изјави генерал-мајор Сашко Лафчиски, нагласувајќи дека Армијата останува посветена на спроведувањето на одлуките на Алијансата и усвоената Декларација на Самитот на НАТО во Анкара.

Генералот Бројер, од своја страна, истакна дека Германија ја поддржувала Северна Македонија на нејзиниот пат кон членството во НАТО, додавајќи дека по приемот во Алијансата партнерството меѓу двете земји дополнително е продлабочено.

„Република Северна Македонија претставува значаен фактор на стабилност во Југоисточна Европа, а нејзиниот придонес кон регионалната и колективната безбедност е високо ценет од Германија“, рече Бројер.

Тој додаде дека заедничка цел е зајакнување на европскиот столб на НАТО преку единство, развој на способности, конкретен воен придонес и тесна соработка меѓу сојузниците, партнерите и пријателите.

Генералот Бројер оствари средба и со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Мицкоски во објава на својот фејсбук-профил посочува дека на средбата било разговарано за унапредување на билатералната одбранбена соработка, зајакнувањето на партнерството во рамките на НАТО, како и за актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува Европа.

„Заеднички ја потврдивме определбата за продлабочување на соработката преку размена на искуства, заеднички активности и натамошен развој на капацитетите на вооружените сили, со цел јакнење на регионалната и евроатлантската безбедност“, наведува Мицкоски.

Во рамките на официјалната посета, генерал Бројер оствари средба и со претседателката и врховен командант на Вооружените сили на РСМ, Гордана Сиљановска-Давкова.

Повеќе
САД изврши напади врз мостови во Иран на повеќе локации
Џинпинг повика на безбедна и контролирана вештачка интелигенција
ИРГК соопшти дека ги гаѓала радарските локации во Оман
Туркије бара целосно и безусловно вклучување во политиката „Произведено во ЕУ“
Израелската армија ги ескалира нападите во јужен Либан по мировните разговорите во Рим
Велика Британија го отфрла тврдењето на Аргентина за „воен упад“ на брод на Кралската морнарица
Холандија официјално прогласи недостиг на вода поради постојана суша
Републикански конгресмен: Разговорите за враќањето на Туркије во програмата Ф-35 се многу ветувачки
Туркије сигнализира напредок во програмата за воздушна одбрана С-400
Украинскиот Парламент го избра Сергеј Корецки за нов премиер
Џ.Д. Венс: Некој од израелската влада влијае врз американското јавно мислење за договорот со Иран
Началникот на германската армија во Скопје: Зајакнување на европскиот столб на НАТО преку единство
Иран: Ќе ја уништиме регионалната инфраструктура ако САД ја нападнат нашата инфраструктура
Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка од функцијата
ЕУ комесарот за миграција ја повика Германија постепено да ги укине внатрешните гранични контроли