Танкер бил погоден од „непознат проектил“ во Ормускиот Теснец, при што избувнал пожар на бродот, соопшти денес Британската служба за поморски трговски операции (УКМТО).
Пожарот „во меѓувреме е изгаснат“, соопшти УКМТО во изјавата објавена на американската платформа за социјални медиуми Х.
„Според досегашните информации, сите членови на екипажот се безбедни, а засега не е потврдено влијанието врз животната средина“, се наведува во соопштението.
ПРЕПОРАЧАНО
УКМТО ги повика бродовите што транзитираат низ областа да бидат внимателни и „да пријават каква било сомнителна активност до УКМТО додека надлежните органи го истражуваат инцидентот“.
Засега нема дополнителни информации за инцидентот.



















