| Macedonian
Грок го ограничува генерирањето слики поради дипфејк порнографијата
При обид за генерирање на слики преку платформата X, Грок сега ги информира корисниците дека оваа функција е достапна само за претплатници кои плаќаат и ги поканува да се регистрираат за „премиум“ верзијата на X
Грок го ограничува генерирањето слики поради дипфејк порнографијата
Не е прецизирано дали постојат дополнителни ограничувања за претплатниците кога станува збор за генерирање сексуално експлицитна дипфејк содржина / Reuters

Четботот Грок со вештачка интелигенција изграден од xAИ, компанијата на милијардерот Илон Маск, ја ограничи функцијата за генерирање и уредување слики исклучиво на претплатници кои плаќаат за услугите на социјалната мрежа X, по глобалните критики за можноста за создавање дипфејк порнографска содржина, вклучувајќи слики од жени и малолетници, пишува „Еурактив“.

При обид за генерирање на слики преку платформата X, Грок сега ги информира корисниците дека оваа функција е достапна само за претплатници кои плаќаат и ги поканува да се регистрираат за „премиум“ верзијата на X.

Сепак, не е прецизирано дали постојат дополнителни ограничувања за претплатниците кога станува збор за генерирање сексуално експлицитна дипфејк содржина.

Грок во последните денови беше критикуван од регулаторите поради неговиот таканаречен „зачинет“ начин на работа, кој овозможуваше создавање дипфејк сексуализирани слики, вклучувајќи слики од малолетници.

Затоа европските пратеници и некои земји-членки повикаа на построги мерки против ваквите технологии.

„Ова е нелегално“, изјави портпаролот на Европската комисија за дигитални прашања, Томас Рејниер.

Во четврток, Европската комисија му наложи на X да ги зачува сите интерни документи и податоци поврзани со Грок до крајот на 2026 година, користејќи ги овластувањата според Законот за дигитални услуги (ДСA), кој го става X меѓу платформите што се предмет на најстрог надзор од ЕУ.

Сепак, комисијата сè уште не започнала нова формална истрага за X во врска со случајот со дипфејк порнографијата.

Тестовите спроведени од Eуроактив покажаа дека Грок, кога се пристапува како самостојна апликација, а не преку платформата X, сè уште може бесплатно да генерира слики врз основа на барањата на корисниците.

X не одговори на барањата за коментар до времето на објавувањето на текстот.

Повеќе
Најдобрата шахистка на сите времиња ја одби понудата да биде претседател на Унгарија
Новиот британски премиер ги намалува даноците на сметките за струја
САД заврши уште една серија напади врз воени цели во Иран
Иран тврди дека уништиле центар за податоци на Амазон во Бахреин
Петмина Палестинци убиени во новите израелски напади врз Газа
Зеленски се среќава со генерали со надеж дека ќе ги смири протестите
Приведени раководители на „Комуналец“ од Гостивар поради загадувањето на градскиот водовод
Трамп: Иран ќе плати „многукратно“ за сите убиени американски војници
Туфан Ерхурман: Кипарските Турци се еднакви сопственици на островот, а нe малцинство
Франција го обвини Иран за притворање на персоналот на амбасадата во Техеран
Бугарија: Парламентот ќе одлучува распоредување на американски авиони за полнење гориво
Хутите објавија дека воведуваат целосна поморска блокада врз Саудиска Арабија
Туркије ја одбележува 52. годишнина од мировната операција на Кипар
Извештај: Пентагон не ги објавил сите повредени војници и предизвикана штета од Иран
Барнам ја презеде функцијата премиер на Велика Британија