| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Кедев влезе во Гинис: Најстариот алпинист во светот кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри
Со искачување на врвот Гашербрум I Кедев го заокружи овој предизвик на 20 јули 2025 година, на возраст од 63 години и 14 дена, со што влезе во Гинисовата книга на рекорди
Кедев влезе во Гинис: Најстариот алпинист во светот кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри
Македонскиот кардиолог Сашко Кедев влезе во Гинис како најстариот алпинист во светот кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри / Other

Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев е најстариот алпинист во светот кој се искачил на сите 14 планини повисоки од 8.000 метри.

Со искачување на врвот Гашербрум I Кедев го заокружи овој предизвик на 20 јули 2025 година, на возраст од 63 години и 14 дена, со што влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата личност во светот што се искачила на сите планински врвови над осум илјади метри надморска височина.

Д-р Кедев, кој е роден на 6 јули 1962 година, исто така, е најстарата личност која ги искачила сите планини повисоки од 8.000 метри, како и „Седумте врвови“ (највисоките точки на секој од континентите).

Овој подвиг го остварил во периодот помеѓу 14 јануари 2008 година (Аконкагва во Јужна Америка) и 6 ноември 2011 година (Пункак Џаја, познат и како Пирамида Карстенц, во Океанија).

Планини над 8.000 метри, коишто ги има освоено Кедев се:

Еверест: 19 мај 2009

Манаслу: 27 септември 2021

Дхаулагири I: 9 април 2022

К2: 22 јули 2022

Брод Пик: 29 јули 2022

Анапурна I: 15 април 2023

Нанга Парбат: 2 јули 2023

Чо Оју: 2 октомври 2023

Макалу: 5 мај 2024

Лхоце: 13 мај 2024

Гашербрум II: 22 јули 2024

Шиша Пангма: 4 октомври 2024

Канченџунга: 23 мај 2025.

Гашербрум I: 20 јули 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во ноември минатата година го одликува Кедев со Орден „* Септември“, за особените заслуги во медицината, како и за историскиот подвиг во алпинизмот како прв Македонец којшто ги искачил 14-те светски планински врвови над 8 000 метри надморска височина.

Кедев, на доделувањето на наградата, порача дека освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го смета за национален успех којшто го посвети на сите Македонци.

„Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот“, порача Кедев.

ИЗВОР:Other
Повеќе
Се урна српски МиГ-29, пилотот загинал
Дуран: Израел користи дезинформации за да ги прикрие масакрите во Газа
ЕУ: Платформите на социјалните медиуми не ги отстрануваат пријавените измами
Фидан: Туркије мора да преземе водечка улога во зајакнувањето на регионалната поврзаност
АСЕАН и Јапонија го одржаа 29-тиот самит во Манила, ветуваат посилна соработка
Форензички експерт вели дека смртта на Епстин е поверојатно убиство отколку самоубиство
Израел фрла експлозив спакуван во кутии врз објекти во Газа
Палестина бара одговорност од Израел за прегазени осум лица
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Рама: Колку побрзо Србија го признае Косово, толку подобро ќе биде за сите во регионот
Новото тричлено претседателство на БиХ ја презеде функцијата
Турскиот министер за надворешни работи учествува на министерски состанок во Брисел
Папата Лав XIV од Латинска Америка упати пораки за вера и правда
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот